мини|Белото Минаре и знамето на Ахмадија во Кадијан, Индија. За Ахмади Муслиманите, двете го симболизираат пришествието (доаѓањето) на ветениот Месија. Ахмадија (/ɑːмəˈdјасə/); официјално, Ахмадиска муслиманска заедница или Ахмадиски муслимански џемаат; , е исламско религиско движење втемелено кон крајот на 19 век во Пенџаб, во Британска Индија. Движењето произлегло од животот и делото на Мирза Гулам Ахмад (1835-1908 г.) кој тврдел дека го претставува исполнувањето на пророштвото за светски реформатор на последното доба, кој требало по пат на мирни средства да ја овозможи конечната победа на исламот и да го најави есхатон, како што било предвидено во исламските списи, но и во останатите светски религии. Тврдел дека е одреден од Бог за муџадид (обновувач) на исламот, односно, дека е одреден за Месија и Мехди кого муслиманите го очекуваат. Членовите на Ахмадија движењето се нарекуваат Ахмади муслимани. мини|205x205пкс| АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКИ ЏЕМААТ
МАКЕДОНИЈАцентар|мини|262x262px Мислата на Ахмади муслиманите го нагласува верувањето дека исламот е конечно упатство дадено на човештвото, како што е објавено со Мухаммад ин Ислам (Muhammad in Islam), и ја истакнува нужноста од обновата на вистинската срж на исламот во неговиот исконски облик – загубен во текот на столетијата. Ахмади муслиманите веруваат дека Ахмад се појавил во Духот на Иса а.с., (Исус) Исус Христос, за да ги оконча религиските војни, да го осуди крвопролевањето и повторно да ги воспостави моралноста, правдата и мирот. Веруваат дека со помош на божественото водство од исламот ги отстранил фанатичните и додадените верувања и однесувања, потенцирајќи ги вистинските и клучните учења на исламот, согласно со праксата на Мухаммед и на раната исламска заедница. Сходно на тоа, Ахмади муслиманите себеси се поимаат како водачи на обновата на мирно ширење на исламот.
.Мирза Гулам Ахмад движењето го втемелил на 23 март во 1889 година. По неговата смрт заедницата ја воделе халифи, и до 2016 година заедницата се проширила во 209 држави и територии на светот со најголемо членство во јужна Азија, источна и западна Африка како и во Индонезија. Ахмади муслиманите негуваат силна мисионерска традиција и меѓу муслиманските заедници тие се едни од првите кои стасале во Велика Британија, и во други западни држави. Заедницата моментално ја предводи Ахмад Мирза Масроор Ахмад, а нејзиното членство се движи помеѓу 20 милиони припадници ширум светот.
Ахмади популацијата скоро потполно конституира едно, високо организирано и обединето движење. Во таа смисла постои само една струја на Ахмади муслимани. Меѓутоа, во раната историја на заедницата група Ахмади муслимани се одвоила поради спорот околу карактерот на Ахмади пророштвото и наследството, и оформила Движење на Лахор Ахмадија, и тие денес претставуваат мала фракција на Ахмадии. Од зачетокот на движењето одредени верувања на Ахмади муслиманите се сметани за спротивни на современата средна мисла на исламот и поради тоа Ахмадиите биле и прогонувани. Мнозинство муслимани Ахмади муслиманите ги сметаат за неверници (кафир) и за кривоверци.
Потекло на поимот Ахмадија движењето е втемелено во 1889 година, но името Ахмади е усвоено по една деценија кога во Индија бил направен попис на населението, при што не биле собирани податоци само за религиската туку и за деноминацијската припадност. Во манифестот од 4 ноември 1900 година Мирза Гулам Ахмад објаснил дека самото име не упатува на него самиот, туку на алтернативното име на Мухаммед – Ахмад. Според него, Мухаммед, што значи ’најфалениот‘, се однесува на славната судбина, величественоста и пророчката моќ, и тој тоа име го усвоил за време на хиџра; сепак, Ахмад, е арапски суперлатив кој значи ’високо фален‘, како и ’утешител‘, и ја потенцира убавината на неговите проповеди, квалитети на нежност, понизност, љубов и милосрдие кои се отелотворени во Мухаммед, и исто така го означува мирот кој со своето учење требало да го воспостави во светот. Според Ахмад, овие имиња упатуваат на два аспекта или надве фази на исламот, а во последно време вториот аспект бара поголемо внимание. Многуте различни имиња на разни секти и школи на исламската мисла кои произлегуваат од имињата на нивните водачи биле сметани за иновации (бида), бидејќи Пратеникот на исламот ги имал само овие две имиња.
Сходно на тоа, според мислењето на Ахмад, тоа била причината поради која Стариот завет го прорекол Пратеникот како ’сличен на Муса‘, што всушност се однесувало на Мухаммед, додека пак според Чесниот Кур'ан Исус го навестил пратеник по името Ахмад (Чесниот Кур'ан, 61:6). Исто така, употребил назив Ахмадија мадхаб (интелектуално школо внатре во исламот).
Резиме на верувањето Ахмади верувањата се повеќе сродни на сунитската одошто на шиитска традиција, како на пример што се однесува до петте столба на исламот или шесте ставки на исламското верување. Исто така, Ахмади муслиманите го прифаќаат Чесниот Кур'ан за свој свет текст, свртувајќи се кон Каба во текот на молитвата, го практикуваат Сунитите (праксата и обичаите на пратеникот Мухаммед)) и го прифаќаат авторитетот на сунитските хадиси (забележани изреки на Мухаммед и приказни за него). Тоа се средишните верувања на Ахмади муслиманите.
Различноста во Ахмадија муслиманската заедница е во тоа што тие веруваат дека Мирза Гулам Ахмад е Ветениот Месија и Мехди, токму како што навестил Пратеникот Мухаммед. Резимирајќи го своето тврдење, Ахмад пишува. Сходно на тоа, тој верувал дека неговата цел е по мирен пат да го брани и штити исламот ширум светот, да ги оживее заборавените исламски вредности на мир, проштевање и сочувство кон целото човештво и да воспостави светски мир преку исламските учења. Верувал дека неговата порака била посебно битна за западниот свет, кој според него западнал во материјализам.
Учењето на Ахмади муслиманите смета дека сите големи светски религии се од божествено потекло и дека биле дел од Божјиот план насочен кон воспоставување на исламот како конечна религија, бидејќи е најцелосна и ги усовршила претходните учења на другите религии (сепак Ахмади муслиманите веруваат дека сите други религии застраниле од изворниот облик и станале расипани). Пораката на втемелувачите на тие религии била, според тоа, суштински еднаква на исламската, но сепак непотполна. Надополнувањето и довршувањето на религискиот развој настанало со доаѓањето на Мухаммед. Меѓутоа, глобалното ширење, признавањето и евентуалното прифаќање на неговата порака (т.е. усовршување на реалноста на пратеништвото на Мухаммед) било предодредено дури со доаѓањето на Мехди. Според тоа, Ахмади муслиманите Мирза Гулам Ахмад го сметаат за Мехди а со тоа и за ’Ветениот‘ на сите религии, кој всушност ги исполнува есхатолошките пророштва на Аврамските религии (Abrahamic religions), како што се изироастризмот, индиските религии, традиции на американските староседелци и други. Ахмади муслиманите веруваат дека Ахмад бил божествено одреден како вистински одраз на пратеништвото на Мухаммед за да го потврди Божјото Единство и да го потсети човештвото на должноста кон Бог и Неговата творба. Резимирајќи ја исламската вера, Ахмад пишува:
Божјо Единство Ахмади муслиманите цврсто веруваат во апсолутното Божјо Единство. Признавањето на ова начело е најважно и Заедницата го смета за кардинално исламско начело. Од него произлегуваат сите останати исламски верувања. Се смета дека верата во Божјото Единство влијае на животот на личноста во сите нејзини аспекти и се верува дека има многу пошироко значење, како и подлабока примена. На пример, разработувајќи го Божјото Единство ајетот од Чесниот Кур'ан:ги поништува сите видови страв освен стравот од Бог. Го влева чувството на потполна зависност од Бог и чувството дека секое добро произлегува од Него. Општо, се смета дека верата во Божјото Единство ги ослободува верниците од сите облици на телесни страсти, ропство и впечаток на земски престој во затвор. Втемелувачот на Заедницата пишува: Понатаму, се верува дека исламскиот концепт на Божјото Единство придонесува за разбирање на единството на човечкиот род и така ги отстранува сите препреки во тој поглед. Разноликоста на расата, народноста и бојата се смета за прифатлива. Притоа, се смета дека верата во Божјото Единство создава чувство на потполна хармонија помеѓу Создателот и неговата творба. Се подразбира дека не може да постои спротивност помеѓу Божјата реч и Божјото дело.
Исламот Бог го препознава како извор на сите прекрасни работи, ослободени од секој вид на несовршенство согласно на разбирањето на Заедницата. Бог се признава како Живиот Бог, кој насекаде се пројавува и ги слуша молитвите на свои слуги. Дистинктивно, меѓутоа, Ахмади муслиманите Божјите атрибути ги сметаат за вечни. По тоа прашање учењето на Ахмади муслиманите е застапено со ставот дека Бог со човештвото комуницира како и порано.
Ангели Верувањето во ангелите се темелен дел од Ахмадија муслиманската заедница. Ангелите се духовни суштества создадени од Бог за да Му бидат послушни и да ги спроведуваат Неговите наредби. За разлика од човечките суштества, ангелите немаат слободна волја и не можат самостојно да делуваат. По Божјата заповед тие на пророците им ги носат објавите, на нивните непријатели донесуваат казни, го величаат Бог и ги забележуваат делата на човечките суштества. Ангелите не се видливи за човечкото око. Сепак, според Ахмади верувањата, понекогаш на луѓето им се прикажуваат во различни облици. Таквите појави, меѓутоа, не се со материјална туку со духовна природа. Ахамади муслиманите на ангелите гледаат како на небесни суштества со посебна природа. Нивната главна улога е пренесување на Божјата порака на луѓето.
Според Чесниот Кур'ан, со целиот материјален како и со духовниот космос управуваат духовни сили, кои се нарекуваат ангели. Што и да прават тие тоа е потполно одредено од Божјата волја и Неговиот план на случувања. Според исламот, во интерпретација на Ахмади муслиманите, нештата не можат да отстапат од одредениот тек или од доделената функција, или од севкупниот Божји план на случувањата.
Книги За Ахмади муслиманите третата ставка од исламската вера се однесува на верување во сите свети списи кои Бог ги објавил на Своите пратеници. Тоа ја вклучува Тора, Евангелието, псалмите, свитоците на Аврам и Чесниот Кур'ан. Пред појавата на исламот, историја на религија се смета за низа објави во кои секој пратеник донесувал учење соодветно на подрачјето и на времето. Според тоа, во време на настанувањето, божествените учења се поклопувале во своите темели со исклучок на помали детали кои се однесувале на специфичноста на времето и на подрачјето.
Освен Чесниот Кур'ан, се верува дека светите списи се подложни на човечкото вметнување. Исламот признава дека Бог ги праќа Своите пратеници на сите нации како и на изолираните заедници во светот. Така, според учењето на Ахмади муслиманите се смета дека списите надвор од Аврамската традиција, како што се Ведите и Авеста, исто така имаат божествено потекло. Меѓу признатите списи, Заедницата верува дека Чесниот Кур'ан е конечната Божја објава на човештвото. Учењето на Чесниот Кур'ан се смета за безвремено.
Пророци Ахмади муслиманите веруваат дека кога светот е полн со неправда и неморал, или некој негов дел, или кога следбениците на одредена религија станат расипани или во верата воведат расипани учења правејќи ја верата застарена и создавајќи потреба од божји Помагач, тогаш Божјиот пророк се испраќа за повторно да ја воспостави Својата божествена волја. Освен верата во сите пророци од Чесниот Кур'ан и Стариот завет, Заедницата како пророци ги смета и Заратустра, Кришна и Конфуциј.