Енеко Тур 2016 — 12. издание на велосипедската етапна Енеко Тур, која се одржала помеѓу 19 и 25 септември во Холандија и во Белгија како дваесет и шести настан во сезоната на Светската турнеја.
Била освоена од холандскиот велосипедист Ники Терпстра.
Екипи
Бидејќи Енеко Тур е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири други професионални континентални екипи биле дополнително поканети и на трката настапиле вкупно 22 екипи.
Рута
Рутата за трката била објавена во март 2016 година.
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал белата маичка.
Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал зелената маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.
Етапа Победник Генерален пласман20п|Бела маичка Бодовен пласман20п|Црвена маичка Борбен пласман20п|Зелена маичка Екипен пласман 1 Дилан Груневеген Дилан Груневеген Дилан Груневеген Берт ван Лерберге 2 Роан Денис Роан Денис Петер Саган 3Петер Саган 4Петер Саган Петер Саган 5 Роан Денис 6Лука Пиберник 7 Едвалд Боасон Хаген Ники Терпстра На крај Ники Терпстра
Забелешки На петтата етапа, Дилан Груневеген, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црвената маичка, бидејќи првопласираниот Петер Саган ја носел белата маичка како предводник на генералниот пласман.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:БинкБенк Тур Категорија:Светска турнеја на UCI 2016 Категорија:Белгија во 2016 година Категорија:Холандија во 2016 година