Ацо Стефановски (Битола, – , )Ацо Стефановски на мрежното место на ИМДб – македонски филмски и театарски глумец, член на Народниот театар во Битола од самото негово основање во 1944 година.Значајни личности за Битола, 2007

Првиот македонски Хамлет, несомнено еден од најретките уметнички поединци со специфичен глумечки сензибилитет и богат творечки потенцијал. Поминувајќи го сиот свој работен век на „штиците што живот значат“ одиграл 250 улоги, главно водечки.

Животопис Ацо Стефановски бил роден во Битола на 10 декември 1922 година, каде го завршил основното и средното образование. Професионалниот ангажман како глумец го започнал со самото формирање на Народниот театар од Битола во 1944 година и сите 40 години од својата глумечка дејност ги поминал во овој театар каде бил незаменлив столб во уметничкиот ансамбл, остварувајќи улоги на високо креативно рамниште.

Творештво Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги, а исто така режирал и повеќе театарски претстави.

Поважни театарски улоги Година Улога Претстава Автор 1958Скуп СкупМарин Држиќ 1964 ГерлахЗаточениците од АлтонаЖан-Пол Сартр 1966 ХамлетХамлетВилијам Шекспир 1966 СатинНа днотоМаксим Горки 1967 Цар ЕдипЦар ЕдипСофокле 1967 МаксимилијанРазбојнициФридрих Шилер 1969 МиткеКоштанаБорисав Станковиќ 1969 Вили ЛоманСмртта на трговскиот патникАртур Милер 1972 Вујко ВањаВујко ВањаАнтон Павлович Чехов 1972 Аџи ТрајкоБегалкаВасил Иљоски 1972 Борис ПоповДеветтиот бранНикола Јонков Вапцаров 1975 ФезлиевЦрнилаКоле Чашуле 1982 ТаткотоПешСлавомир Мрожек 1983 д-р ФауснерНатемаго на Филозофскиот факултетИво Брешан 1983 Илија ЧворовиќБалкански шпионДушан Ковачевиќ

Филмографија Година Филм Улога 1955 Волча ноќ / 1958 Мис Стон / 1967 Македонска крвава свадба / 1968 Планината на гневот / 1969 Републиката во пламен / 1970 Цената на градот Професорот 1971 Македонскиот дел од пеколот / 1972 Табакерата ТВ-филм / 1973 Добра долина ТВ-филм / 1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм / 1974 Средба ТВ-филм Танас 1975 Волшебното самарче ТВ-серија / 1975 Јад / 1977 Големата соба ТВ-филм Трпко 1977 Нели ти реков ТВ-филм / 1977 Малиот одред ТВ-серија / 1978 Златни години ТВ-филм / 1979 Наши години ТВ-серија Шефот на полицијата 1979 Жена од малтер ТВ-филм / 1980 Учителот ТВ-филм / 1980 Двојка ТВ-филм / 1981 Црвениот коњ / 1981 Булки крај шините ТВ-серија / 1981 Стојче ТВ-филм / 1982 Илинден ТВ-серија / 1982 Време на летала ТВ-филм / 1982 Тумба, тумба, дивина ТВ-филм 1983 Записник ТВ-филм / 1983 Црвениот коњ ТВ-серија / 1984 Јуначко колено ТВ-серија / 1984 Нели ти реков / 1985 На наш начин ТВ-серија Бимбо 1985 Од зад грб ТВ-филм

Награди и признанија Награда на Владата на НРМ (1950), „11 Октомври“ за животно дело (1979), „Стерија“, „Златен венец“ на МЕС Сараево, Глумец на годината на ревијата „Екран“ (1983), Награда на Здружението на драмските уметници на Македонија, „4 ноември“ (двапати), Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глумци од Битола Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“