Енрик Мас Николау (; р. ) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Претставува талентиран искачувач и има завршено меѓу првите десет на престижни трки, како и има освоено етапа на Трка околу Баскија. Токму од Алберто Контадор е сметан за негов наследник, меѓутоа Мас изјавил дека сака да биде првиот Енрик Мас. Откако претходно возел за екипата Фундасион Контадор, Контадор ја знае неговата сила, верувајќи дека има светла иднина.
Кариера Квик-Степ Флорс (2017-2019) 2017
На 19 јули 2016 година, објавиле дека потпишале со Мас за сезоната 2017. Сезоната 2017 била негова прва во Светската турнеја. Најдобар резултат имал на Вуелта а Бургос, каде завршил втор на последната етапа и со тоа втор во генералниот пласман. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017. Ја освоил наградата за борбеност на етапите 6 и 20 на. На претпоследната етапа бил во бегство и му помогнал на Алберто Контадор да ја освои етапата.
2018
Сезоната 2018 била втора во Светската турнеја и стигнал негов прв пласман меѓу првите десет на Трката околу Баскија. Ја освоил последната етапа до Арате, кој била негова прва професионална победа. Се искачил до шестото место во генералниот пласман по последната етапа, што бил негов прв пласман меѓу првите десет на некоја трка од Светската турнеја. Исто така, го освоил пласманот за млад возач на трката. Продолжил со формата, 2 месеци подоцна завршил на 4. место на Тур де Свис и го освоил пласманот за млад возач. Успеал да заврши втор на петтата етапа зад Диего Улиси.
На Вуелта а Еспања, Мас бил надвор од првите десет пред последните две етапи во втората недела. Завршил седми на етапата до Лас Праерес и се искачил на осмото место. На следната етапа завршил шести и се искачил до шестото место. На хронометарот повторно покажал добра форма и завршил шести. Се искачил за уште едно место во генералниот пласман. На етапата 17, трката била на ново искачување. Мас бил најсилен од кандидатите за генералниот пласман и се стигнал до третото место во пласманот. Меѓутоа, паднал на четвртото место по етапата 19. На почетокот на следната етапа, разликата меѓу него и третопласираниот возач Стевен Краусвајк била само 17 секунди. Нападнал на последното искачување заедно со Мигел Анхел Лопес и Сајмон Јејтс. Мас возел заедно до целта со Лопес и го претекнал за негова прва етапна победа на некоја голема трка. Со резултатот на етапата, Мас се искачил на второто место на Вуелта, завршувајќи на подиум на неговата втора голема трка.
2019
Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.
Достигнувања
2012 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство 2014 4. Мировна трка 2016 1. 20п Краен пласман Волта ао Алентежо 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. 20п Краен пласман Тур де По де Савоја 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 1. Бодовен пласман 2017 2. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. 20п Пласман за млад возач 20п Награда за борбеност на етапите 6 и 20 на Вуелта а Еспања 2018 2. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. 20п Награда за млад возач 1. Етапа 20 4. Краен пласман Тур де Свис 1. 20п Пласман за млад возач 6. Краен пласман Трка околу Баскија 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 6 2019 1. 20п Краен пласман Трка околу Гуангси 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 4 4. Краен пласман Волта ао Алгарве 8. Класика де Сан Себастијан 9. Краен пласман Тур де Свис 9. Краен пласман Волта а Каталуња 10. Милано-Торино
Распоред на резултатите на етапните трки
Распоред на резултатите на големите тркиГолема трка 2017 2018 201920п Џиро — — —20п Тур — — 2220п Вуелта 712 —Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2017 2018 2019 Париз-Ница — — — Тирено-Адријатико — — — Волта а Каталуња 75 449 Трка околу Баскија 146 11 Тур де Романди — — — Критериум ди Дофине СО — — Тур де Свис —49
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Шпански етапни победници на Вуелта а Еспања