мини|лево|200п|Илија Дигалов, Али Ибраимов, Стојан Георгиев и Крсте Велешанчето Илија Дигалов (1890 — 1922) — македонски револуционер, член на ВМОРО / ВМРО, војвода во Костурско.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 88.

Животопис Роден е во селото В'мбел, Костурско. По зачленувањето во Организацијата бил курир, а за време на Првата балканска војна во 1912 година влегол во четата на војводата Васил Чакаларов. По Балканските војни во 1912/13 година со чета дејствувал во Костурско и Преспанско.

Станал доверлив соработник и соборец на Тодор Александров. Во 1919 година повторно од Бугарија се вратил во Македонија и дејствувал во Битолско, Кичевско и Мариовско.

Во 1922 година бил назначен за војвода на ВМРО во Леринско. Загинал во ноември 1922 година кај селото Глобочени, Преспанско, во судир со грчки жандармериски единици.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи