Живко Брајковски ( во — во ) — македонски првоборец, учесник во НОВ, политичар и општественик.
Животопис Како припадник на НОД од 1941 година, бил член на КПЈ (од 1942 година), борец на Мавровскиот НОПО од 1943 година и член на реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, а од септември секретар на околискиот комитет на КПМ за Мавровско (1943-1945). Исто така бил ѝ делегат на АСНОМ. По ослободувањето бил секретар на комитетот на КПМ за установите при владата на НРМ, инструктор на ЦК на КПМ, секретар на обласниот комитет на КПМ за Скопје и член на ЦК на КПМ (1948), пратеник во Собранието на НР Македонија и во Сојузното собрание на ФНРЈ.
Неговиот живот ненадејно згаснал на 20 август 1963 година непосредно по големиот земјотрес во Скопје. По земјотресот бил целосно ангажиран за обновување и изградба на ранетото Скопје. лево|мини|Споменик на Живко Брајкоски во Трница, Мавровско.
Одликувања и заслуги Неговиот живот бил исполнет со низа активности со крупни и примерни залагања на општественик и раководител. За неговата неуморна работа е одликуван со повеќе вредни одликувања, меѓу кои:
Орден „Братство-единство“ од I ред, орденот „Заслуги за народ“ од II ред, „Орден за храброст“ Носител е ѝ на „Партизанска споменица 1941“.
Во негова чест во скопската населба Бутел е именувано основно училиште, додека во градот Гостивар една улица го носи неговото име.
Поврзано Филип Брајковски Тренда Брајкова Евгенија Брајковска Нада Брајковска Параскева Брајковска Доца Брајковска Селвија Брајковска
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ