Стевија () — род кој опфаќа околу 240 видови билки и грмушки од семејството на главоцветните (Asteraceae), со потекло од суптроските и тропските подрачја од западна Северна Америка до Јужна Америка.
Видот слатка стевија (Stevia rebaudiana) е од големо стопанско значење бидејќи содржи соединенија (стевиолни гкликозиди) кои даваат сладок вкус и се преработува во засладувач под општиот назив „стевија“ и неколку трговски називи. Растението се користело од мештаните долго пред неговото воведување на светските пазари.
Таксономија Родот има 240 видови растенија, домородни во Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, а неколку видови виреат на север до Аризона, Ново Мексико и Тексас. Наречен е по шпанскиот ботаничар и лекар Педро Хаиме Естеве (1500–1556), професор на универзитетот во Валенсија., стр. 309.
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Главоцветни (потсемејство) Категорија:Билки Категорија:Лековити растенија Категорија:Засладувачи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ