Гамбје ( или ) — мал архипелаг во Тихиот Океан, дел од Француска Полинезија. Вкупната површина на островите се 30 км2 и има население од 1319 жители. Островите се продолжеток на Туамоту но сепак се сметаат за посебни острови поради нивната култура и јазик. Мангареванскиот јазик е поблизок со маркиските јазици, а покрај тоа, островите се од вулканско потекло а Туамоту се атоли.

Географија

Главните острови се Мангарева. Само овие имаат 26.6 км2 и население од 1319 жители според податоците од 2016 година. Главен град на островите е Рикитеа. Највисока точка на островите е планината Даф со 441 метри.

Островите Гамбје се составени од островите: Темое, атол составаен од повеќе малечки островчиња Мангарева острови во централната лагуна, населени само повисоките места: на север е Мангарева и Румареи; на североисток е Аукена; на југоисток Акамару, Макапу, Мекиро, Атумата и Теохотепохату; на југ Камака, Макароа, Мануи, Моту Теику; на запад Тараваи, Ангакауитаи, Тепу Нуи и Моту-о-Ари; ниски острови во коралниот гребен, ненаселени: на северозапад е Теноко; на север се Папури, Теауаоне и Пуауму; на североисток се Ваиатекеуе, Теауоту, Апоу, Туаеу, Тотегегие, Тарауру Роа и Гаиоио; на исток се Тауна и Текава; на југоисток е Коуаку; на запад понекогаш се издига над морето Токоруа.

Галерија

Поврзано Француска Полинезија Полинезија

Наводи

Jared Diamond, Collapse: How Societies Choose to Fail or Succeed (2005), Ch. 3

Надворешни врски

Список на атоли

Категорија:Гамбје