мини|250x250пкс|Овошје и лист детали

Гала — јаболка со благ и сладок вкус. Јаболкото „гала“ е рангирано на второ место во 2006 година на списокот на најпопуларни јаболка во Соединетите Американски Држави, по црвениот делишес и пред златниот делишес. Бојата на кората е неизедначена.

Изглед и вкус

Гала јаболката се вертикално шарени, пред сѐ со портокалова боја. Тие се слатки и ароматични, може да се додаваат во салати, готвени, или да се јадат сурови и се особено погодни за создавање на сосови.

Историја

Првата јаболкница со гала била една од многуте садници засадени во Нов Зеланд во 1930-тите од страна на Ј. Х. Кид.

Сезона

Гала јаболка се одгледуваат од мај до септември во северната полутопка, но, како и повеќето јаболка, се достапни речиси целата година преку употреба на ладно складирање и контролирана атмосфера за одгледување.

Наводи

Категорија:Јаболка