400п|мини|Изглед на тврдината Самобор - средновековна тврдина сместена на Дрина, на подрачјето на општина Ново Горажде, во Република Српска. Тврдината ја изградил во текот на 14 век Сандаљ Храниќ од династијата „Косачи“, која оваа тврдина ја поседувала сè до доаѓањето на Турците, во 1465 година. Денас тврдината со својата околина претставува национален споменик на Босна и Херцеговина.
Потекло на името Според легендата, името Самобор доаѓа од еден осамен бор кој растел на карпите, во периодот кога била градена тврдината.Државни архив у Дубровнику: Серија -{Diversa Cancellariae}-, свеска XXVI, фолија 123
Местоположба Стариот град Самобор се наоѓа на карпест рид, на Боровска Планина, над местото каде реката Јањина се влева во Дрина. Од највисоката точка на градот, која се наоѓа на северозападниот дел, можело да се контролира патот кој води по долината на реката Дрина, како и локалниот пат кој води по долината на реката Јањина. Се протега на површина поголема од еден хектар, и претставува едно од поголемите зачувани тврдини во Босна и Херцеговина. Изграден е на карпест и нерамен терен, со тесни премини и мали платоа. Иако е урнат, Самобор е најзачуваната тврдина која им припаѓала на Косачите. На некои места, градот е широк од 350 до 400 метри. Јужниот, северниот и источниот дел на тврдината биле само делумно заградени, бидејќи карпите биле доволна заштита. Местоположбата на тврдината
Историја Стариот град Самобор за првпат се споменува во 1397 година. Го изградил Сандаљ Храниќ Косача. Често се спомнува во документите од првата половина на 15 век, а во документ од 13 јануари 1423 године, се споменува и предградие на Самобор.Јосип Јиречек, Трговачки друмови и рудници Србије и Босне у средњем веку. Свјетлост, Сарајево, 1951
Според пописот од 1469 година, Самобор припаѓал на вилаетот Херсек, кој пак бил дел од Босанскиот санџак. Од заземањето, па до 1832 година кога е напуштен, Османлиите во градот чувале војска. Околу 1800 година, во градот биле сместени три рода на војска.Хамдија Крешевљаковић, Стари босански градови, 1953
Изглед Стариот град Самобор бил составен од повеќе целини. На главниот влез на целиот комплекс имало висока тространа кула со основа во форма на истостран триаголник, чии ѕидови биле дебели 1,8—2,1 метри. До данас зачуван е ѕидот до стропот на приземното ниво, а ѕидовите од горниот спрат на оваа кула се целосно уништени. Формата на оваа кула е необична за градбите во Босна и Херцеговина.Марко Поповић, Средњовековне тврђаве у Босни и Херцеговини. Зборник за историју Босне и Херцеговине, 1, Српска академија наука и уметности, Одбор за историју Босне и Херцеговине, Београд, 1995 Од влезот, водел пат долг околу 400 метри до источниот дел на градот. Патот водел до втора капија, која го штитела влезот во градот. Источниот дел е непристапен од три страни, поради стрмните карпи. Централниот дел опфаќал простор околу џамија, која заедно со тремот била долга 10 метри.Постои фотографија објавена во 1912 година, на која зградата на џамијата била цела.Здравко Кајмаковић, Нови археолошко-архитектонски споменици, У: Дрина у доба Косача, Наше старине, XIV, XV. Сарајево, 1981 Од влезот во централниот дел, па сè до над џамијата, исклесани се четири столови во карпите.Шефик Бешлагић, Камене столице средњовјековне Босне и Херцеговине. Академија наука и уметности Босне и Херцеговине, Дјела, књига 59, Одјељење друштвених наука, Књига 34, Сарајево, 1985 На горниот дел од градот се наоѓа најдобро зачуваната градба. Тоа е главната кула, изградена на карпа, што доминира во целата околина. Јужната тврдина се наоѓала на околу 150 метри пониско од централното плато, а со централниот дел од градот била поврзана со бедеми. Неколку години пред австроунгарската окупација, служела како еден вид затвор, иако градот напуштен во 1832 година.Стеван Делић, Самобор код Дрине. Гласник Земаљског музеја у Босни и Херцеговини, 1892, бр 4, 255—269 Поголемиот дел од Самобор денес е во урнатини. Во 1892 година, било утврдено дека: дрвениот материјал го нема, но и дека деловите од тврдината изградени од цврсти материјали, се уриваат.
Остатоците на Самобор
Наводи
Литература Службен весник на БиХ, број 60/08 Марко Вего, Насеља босанске средњовековне државе. Свјетлост, Сарајево, 1957 Шефик Бешлагић, Стећци, каталошко-топографски преглед. Сарајево, 1971 Група аутора, Извјештај о претходним истраживањима, У: Горње Подриње у доба Косача. Међурепублички научноистраживачки пројекат, Извјештај за 1973. годину. Завод за заштиту споменика културе Босне и Херцеговине, Сарајево, 1973 Десанка Којић-Ковачевић, Архивско-историјска истраживања горњег Подриња, У: Дрина у доба Косача, Наше старине, 14—15, Сарајево, 1981
Надворешни врски
Самобор на Дрина Самобор во 2014 година Среден век
Категорија:Тврдини во Република Српска