„Ледено доба: Патеката на сударот“ (англиски: Ice Age: Collision Course) — американски анимиран филм од 2016 година, во режија на Мајк Турмаер и Гален Т. Чу, според сценариото на Мајкл Ј. Вилсон, Мајкл Берг и Јони Бренер, а автор на приказната е Обри Соломон. Гласовите ги позајмуваат: Реј Романо, Кеке Палмер, Џон Легуизамо, Денис Лири, Адам Дивајн, Нил де Грас Тајсон, Џенифер Лопес, Квин Латифа, Џеси Џеј итн.

Содржина Мени (гласот на Романо) е загрижен, бидејќи неговата ќерка Пичиз (гласот на Палмер) сака да го напушти семејството и да живее одделно, заедно со свршеникот Џулиен (гласот на Дивајн). Поради тоа, тој не го поднесува Џулиен и постојано му предизвикува незгоди. Како последица на неговата загриженост, Мени потполно заборава на годишнината од неговиот брак со Ели (гласот на Квин Латифа). На денот на прославата, на Земјата почнува да паѓа метеорски дожд што уништува сè наоколу и животните очајно бараат засолниште. Истовремено, бегајќи од три диносауруси, ласицата Бак (гласот на де Грас Тајсон) случајно пронаоѓа монолит на којшто е претскажано уништувањето на Земјата од сударот со голем астероид. Додека Мени, Диего (гласот на Лири), Сид (гласот на Легуизамо) и другите животни се очајни, Бак има необичен план како да ја спасат планетата: да соберат голем куп метеорски парчиња и да го лансираат во вселената за да го одбијат астероидот од неговата патека. Така, животните со заеднички сили успеваат да го остварат планот, а во критичниот миг токму Џулиен му помага на Мени да ја спасат Земјата.IMDb, Ice Age: Collision Course (2016) (пристапено на 1.10.2017)

Наводи

Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Цртани филмови Категорија:Филмови со Квин Латифа Категорија:Филмови со Џенифер Лопес Категорија:Филмови со Реј Романо Категорија:Филмови со Денис Лири Категорија:Филмови со Џон Легуизамо Категорија:Филмови со Нил де Грас Тајсон Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Американски 3D-филмови