Верхојански Планини (; ) — планински венец во источен Сибир кој се протега во должина од 1.000 км низ Јакутија. Образува голем лак од реките Лена и Алдан на запад до реката Јана на исток. Во јужниот дел достигнува висина од 2.480 м. На планините има наоѓалишта на јаглен, сребро, олово и цинк. Сместени се веднаш западно од границата меѓу Евроазиската и Северноамериканската Плоча.News Archive - The Earth Institute at Columbia University

На ова подрачје се забележани најниските температури за населени места во светот и има длабоки снегови највеќето месеци во годината. За време на последниот леднички максимум, венецот имал пространи ледници, па оттука лете планините го имаат тој карактеристичен алпски изглед. Меѓу биомите на Верхојанските Планини се издвојува планинската тундра, каде се застапени разновидни мовови и лишаи.

Планините настанеле со набирање и претставуваат антиклинала.

Поврзано Верхојанск

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Планински венци во Русија Категорија:Географија на Сибир Категорија:Географија на Јакутија