Робин Гејл Рајт (родена 8 Април 1966) - американска глумица и продуцент. Таа станува позната како Claire Underwood во политичката драма "House of Cards" на Netlflix, за кој таа доби Златен Глобус за најдобра глумица - телевизиски сериски драми во 2013, правејќи ја првата глумица што добила Златен Глобус за онлајн-телевизиска серија на интернет. Рајт има добиено последователни Primetime Emmy номинации во категоријата Извонредна главна глумица - Драма за "House of Cards" помеѓу 2013 и 2017 година.

Рајт за првпат доби внимание за нејзината улога како Kelly Capwell во NBC оперската сапуница "Santa Barbara", од 1984 до 1988 година. Подоцна прави транзиција во филмови, како главен лик во романтичната комедија "The Princess Bride" (1987). Таа до сега ужива во својата успешна кариера во филмската индустрија, глумејќи во разни филмови, вклучувајќи ја романтичната комедија-драма "Forrest Gump" (1994), романтичната драма "Message in a Bottle" (1999), суперхеројската драма-трилер "Unbreakable" (2000), историската драма "The Conspirator" (2010), биографската спортска драма "Moneyball" (2011), мистериозниот трилер "The Girl with the Dragon Tattoo" (2011), биографската драма "Everest" (2015) и суперхеројскиот филм "Wonder Woman" (2017).

Ран живот Рајт е родена во Далас, Тексас, ќерка на Гејл, продавачка во козметички салон и Фреди Рајт, работник во фамацевтска компанија. Рајт пораснала во Сан Диего, Калифорнија. Таа учела во La Jolla средно училиште и во Taft средно училиште во Вудлен Хилс, Лос Анџелес.

Кариера мини|Рајт во 2009 година, Меѓународниот Филмски Фестивал во Торонто Рајт ја започна својата кариера како модел кога таа беше 14 години. На возраст од 18 години, таа ја одигра Kelly Capwell во NBC оперската сапуница Santa Barbara, за која таа доби и неколку Daytime Emmy Award номинации.

1980–2000: Транзиција во игран филм  Таа премина во игран филм како Батеркап (Buttercup) во филмот "The Princess Bride" (1987). Таа доби критичко признание за нејзината улога како Џени Куран (Jenny Curran) во Forrest Gump (1994), добивајќи Златен Глобус и Screen Actors Guild номинации за Најдобра споредна женска улога.

Во 1996 година таа глуми главна улога во филмската адаптација на Даниел Дефо - "Moll Flanders" (1996), за која таа доби Satellite Award номинација за Најдобра Глумица во Драма. Таа беше номинирана за Screen Actors Guild Award за Најдобра Глумица за нејзината улога во "She's so lovely" (1997), филм во кој таа глуми заедно со поранешниот сопруг (тогашен)  Шон Пен. Рајт ја доби својата трета номинација Screen Actors Guild Award за нејзината улога во телевизискиот филм "Empire Falls" (2005).

2013–тековно: Куќа на Карти, понатамошна филмска работа мини|Рајт во 2017, Канскиот Филмски Фестивал Од 2013, Рајт се појавува во политичката сериска драма "House of Cards" во улога на Claire Underwood на Netflix. На 12 јануари 2014 година, таа го освои Златниот глобус за таа улога, станувајќи првата глумица што ја доби наградата за онлајн-телевизиска серија на интернет; беше номинирана за истата награда следната година. Таа исто така има добиено  номинации за Primetime Emmy Award во 2013 и 2014 година за истата улога. Следната 4та сезона во 2016 година, Рајт изјави дека треба да е платена за нејзината улога како Claire Underwood исто толку како и нејзиниот колега Кевин Спејси кој ја игра улогата на Frank Underwood; Netflix се согласи. Во 2017 година, за нејзиното глумење во петтата сезона, Рајт беше номинирана по петти пат заPrimetime Emmy nomination за Главна Глумица - Драма.

Во 2017 година, Рајт ја игра улогата General Antiope во Wonder Woman (2017), заедно со Гал Гадот и Крис Пајн. Таа ќе ја повтори улогата во Justice League (2017). Ќе се појави во продолжението на филмот "Blade Runner", "Blade Runner 2049".

Личен живот лево|мини|200x200пкс|Рајт со тогашниот сопруг Шон Пен во септември 2006  Од 1986 до 1988 година Рајт беше во брак со глумецот Дејн Витерспун, кого таа се сретна во 1984 година на снимањето на сапунската опера "Santa Barbara".

Во 1989 година, Рајт беше во врска со Шон Пен по разведувањeто на него со Мадона. На Рајт и беше понудена улогата Lady Marian во филмот "Robin Hoodː Prince of Thieves" но ја одби, бидејќи била бремена. Ќерката на Рајт и Пен, Дајлан Францес е родена во април 1991. Таа се повлече од улогата на Abby McDeere во "The Firm" (1993) поради нејзината бременост со своето второ дете. Синот на Рајт и Пен, Хопер Џек, е роден во август 1993 година.

По раскинувањето и враќањето заедно, Рајт и Пен се венчале во 1996, и го промениla нејзиното име во Робин Рајт Пен. Нивната слаба врска, доведе до планови за развод, објавен во декември 2007 година, но барањето за развод беше повлечено четири месеци подоцна по барање на парот. Во февруари 2009 година, Рајт и Пен заедно присуствуваа на Осумдесет и првото доделување на наградите Оскар заедно, на кој Пен доби награда за Најдобар Глумец. Пен поднесе барање за правно разведување во април 2009 година, но го повлече во мај. На 12 Август 2009, Рајт поднела барање за развод, изјавувајќи дека немала планови за помирување. Во тоа време го извадила "Пен" од нејзиното професионално име. Разводот финализирал на 22 Јули 2010.

Во февруари 2012 година, Рајт започна да се запознава со глумецот Бен Фостер, и нивната свршувачка беше објавена во јануари 2014 година. Двојката ја прекина нивната свршувачка во ноември 2014 година, но повторно се обединија во јануари 2015. На 29 Август 2015 година, тие објавија дека ја прекинуваат својата вторa свршувачка.

Филантропија и активизам Рајт е почесен портпарол на Далас, Тексас-заснована непрофитна Гордиева фондација.

Во 2014 година, Рајт соработуваше со две компании во Калифорнија; Pour Les Femmes и The SunnyLion. The SunnyLion донира дел од својата добивка за движењето Raise Hope For Congo.

Рајт е активист за човековите права во Демократска Република Конго. Таа е раскажувач и извршен продуцент на документарниот филм "Кога Слоновите се борат" кој нагласува како мултинационалните рударски корпорации и политичари во Демократска Република Конго ги загрозуваат човековите права, и овековечување на конфликтот во регионот. Рајт е поддржувач на Stand With Congo, кампањата за човекови права зад филмот. Во 2016 година, јавно говореше за поддршка на кампањата на филмски проекции на филмскиот институт во Њујорк, во медиумските интервјуа, со новинари, и преку нејзините сметки за социјалните медиуми.

Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 1986 Холивудска екипа на разврати Лори Стантон 1987Принцеза невеста Батеркап 1990Порекнување Сара 1990 Помилувани Кетлин Фланери 1992Комичари Тара Магвајер 1992Играчки Гвен Тајлер 1994 Форест Гамп Џени Каран 1995 На крстопат Џоџо 1996 Мол Фландерс Мол Фландерс 1997 СаканиХеда Амерсон 1997 Таа е прекрасна Морин Мерфи Квин 1998 Харлибарли Дарлин 1999 Порака во шише Тереза Озборн 2000 Како да го убиеш кучето на твојот сосед  Мелани Мекгауан 2000 Нескршлив Одри Дан 2001 Заклетва Лори 2001 Последниот замок Розали Ервин Непотпишана во улоги 2002 Потрага за Дебра Вингер Себеси Документарен филм 2002 Бел олеандер  Стар Томас 2003 Распеаниот детектив Никола/Нина/Русокоса 2003 Девица Г-ѓа Рејнолдс 2004 Дом на крајот на светот Клер 2005 Девет животи Дијана 2005 Жалам, хејтери Фиби Торенс 2005 Макс Мајка Краткометражен филм 2006 Провалник | Лив Улман

| 2006 |Соба број 10 | Френи Џонс | Краткометражен филм |- | 2007 |Ловечки пес | Непозната жена

| 2007 | Беовулф | Кралица Велтоу

| 2008 |Пикантни холивудски приказни | Кели

| 2008 |Њујорк, те сакам | Ана

| 2009 |Како стојат работите |Ен Колинс

| 2009 |Приватните животи на Пипа Ли | Пипа Ли

| 2009 |Божиќна приказна | Фен Скруџ/Бел

| 2010 |Заговорник |Мери Сарат

| 2011 |Формула за успех | Шерон Бин

| 2011 |Рампарт | Линда Фентрес

| 2011 |Девојката со тетоважа на змеј | Ерика Бергер

| 2013 |Конгрес | Себеси

| 2013 |Совршени мајки | Роз

| 2014 |Најбараниот човек | Марта Саливан

| 2015 |Еверест | Пич Витерс

| 2017 |Вондер вуман |Генерал Антиопа

| 2017 |Истребувач 2049 | Подофицер Џоши | Постпродукција|- | 2017 |Лига на правдата | Генерал Антиопа | Постпродукција''

Телевизија Година Наслов Улога Белешки 1983–84 Жолтата роза Барбара Андерсон 2 епизоди 1984–88 Санта БарбараКели Кепвел 538 епизоди 2005 Емпајер Фолс Грејс Роби 2011 Просветлени Сенди 2 епизоди 2013–сè уштеКуќа од картиКлер Андервуд  Главна улога, извршен продуцент (4. сезона) и режисер (7 епизоди)

Наводи

Надворешни врски

Робин Рајт Fansite

Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус