„Бојата на калинките“ (ерменски: Նռան գույնը) — советски филм од 1968 година, во режија на Сергеј Параџанов, кој е автор и на сценариото, засновано врз поезијата на ерменскиот поет Сајат Нова. Главните улоги ги играат: Софико Чиаурели, Мелкон Алкесанјан, Вилен Галстјан, Ѓорги Гегечкори, Спартак Багашвили итн. Автор на музиката е Тигран Мансурјан.IMDb, The Color of Pomegranates (1969) (пристапено на 24.9.2017)
Во 1982 година, филмот се нашол на списокот на десетте најдобри филмови на сите времиња, според изборот на Cahiers du cinéma. Во 2012 година, во изборот на најдобрите филмови во историјата според Sight & Sound, „Бојата на калинките“ бил рангиран на 84. место,British Film Institute (пристапено на 25.9.2017) а исто така се појавил и на списокот на најдобрите филмови во изборот на Time Out.Time Out Top100 Films (Centenary) На мрежното место на Rotten Tomatoes филмот има рејтинг од 91%.Rotten Tomatoes (пристапено на 24.9.2017)
Содржина Филмот го прикажува животот на ерменскиот поет од XVIII век, Сајат Нова, од неговото детство до смртта. Филмот е поделен на осум дела: „Детството“, „Младоста“, „На дворот на кнезот“, „Манастирот“, „Сонот“, „Староста“, „Ангелот на смртта“ и „Смртта“. Во нив се прикажани разни сцени од животот на Сајат Нова и ерменски обичаи, како: верското воспитување во младоста, капењето на мажите и жените во јавната бања, молитвата во дворецот на кнезот пред почетокот на ловот, вљубувањето во принцезата, заминувањето во манастир, ритуали поврзани со крштевки и погреби, заминувањето од манастирот, жртвено колење овци, смртта на светиот татко Лазар, смртта на поетот итн.
Надворешни врски Parajanov.com Мрежно место на Параџанов
www.archive.org Reverse Shot Online
Наводи
Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Авангардни филмови Категорија:Експериментални филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на ерменски јазик Категорија:Култни филмови Категорија:Советски филмови Категорија:Филмови на Сергеј Параџанов Категорија:Филмови со Софико Чиаурели Категорија:Филмови со Спартак Багашвили Категорија:Филмови со Мелкон Алкесанјан Категорија:Филмови со Вилен Галстјан Категорија:Филмови со Ѓорги Гегечкори Категорија:Биографски филмови