Етолија-Акарнанија (грчки: Αιτωλοακαρνανία) — округ во областа Западна Грција, Грција. Округот претставува комбинација на регионите Етолија и Акарнанија. Нејзиниот главен град поради историски причини е Месолонги, а нејзиниот најголем град и економски центар е Агринио. Областа е сега поврзана со полуостровот Пелопонез со мостот Рио-Андирио. Околните окрузи се Арта во Епир, Кардица од Тесалија, Евританија на североисток и Фокида на исток. Таа е најголемиот округ по површина во Грција.
Географија Планините доминираат на север, североисток, запад и југоисток, особено во Акарнинските Планини. Најдолгата и главна река е реката Ахелој која што завршува со делта во мочурливите земјишта на југоисток. Округот не ги опфаќа островите кои лежат на запад бидејќи тие припаѓаат на округот Кефалонија. Постои еден резервоар како и езеро во централниот дел. Во планините на овој округ спаѓаат и планините Панетолико на североисток и Акарнинските Планини каде што постои компанија за флаширање на изворска вода.
Клима Климата тука варира од топли лета до умерени зими во пониските области, додека пак во планинските области со највисока надморска височина доминираат ладни зими, студени зими и ладно време во зимските месеци.
Историја на бројот на населението 1991: 230.688 2001: 228.180
Сообраќај
Грчки Национален Пат 5/E55, ЈЕ, Ј, Цен., С Грчки Национален Пат 38, Цен., СИ Грчки Национален Пат 42, С, СЗ Грчки Национален Пат 48/E65, ЈИ Пат кој ги поврзува Агиос Николаос, Астакос и Етоликон, СЗ, З, ЈЗ, Ј
Општини Округот Етолија-Акарнанија се дели на 7 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):
Агринио (2) Актио-Војница (3) Амфилохија (4) Месолонги (1) Нафпактија (6) Термо (5) Ксиромеро (7)
Општина YPES code Седиште (доколку е различно)Агринио0202Ализија 0204 КандилаАмфилохија0205Анактроио 0206 Војница (Воница)Ангелокастро0201Андирио0207Аподотиа 0208 Ано ХораАтакинтос 0209 ПападатесАстакос0210Етолико0203Инахос 0213 ХалкиопулоИниадес 0221 НеохориКекропија 0214 ПалеросМакринија 0215 ГавалуМедеон 0216 КатунаМениди0217Месолонги 0218Навпактус0219Неаполи 0220Панетолоко 0222СкутераПаракамбилија 0224 Агиос ВласиосПаравола0223Платанос0225Пилини 0226 СимосСтратос0227Термо0211Тестиис0212КенургиоФитиес0228Халкија0229Гавролимни
Области
Месолонги - Месолонги Нафпактија - Нафпактос Трихронида - Агринио Валтос - Амфилохија Војница и Ксирокамби - Војница
Наводи
Надворешни врски
culture.gr за Етолија-Акарнинија Структура на Етолија-Акарнанија
Категорија:Окрузи во Грција