мини|Френк Синатра „Пријателот Џои“ (англиски: Pal Joey) - американски филм од 1957 година, во режија на Џорџ Сидни. Главните улоги ги толкуваат: Рита Хејворт, Ким Новак, Френк Синатра, Барбара Николс, Елизабет Патерсон, Боби Шервуд, итн. Филмот е снимен врз основа на популарен бродвејски мјузикл од раните 1950-ти, а неколку песни од филмот (Bewitched, Bothered and Bewildered, My Funny Valentine, Small Hotel и The Lady is a Tramp) станале големи хитови. Исто така, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории, додека Френк Синатра ја освоил наградата „Златен глобус“.IMDb, Pal Joey (1957) (пристапено на 28.9.2017)
Содржина Џои Еванс е вредно, но романтично момче (го игра Синатра) кое сака да изгради нов ноќен клуб во Сан Франциско. Тој ги сака жените и штом ќе ја сретне наивната танчерка Линда (ја игра Новак), веднаш го обземаат искрени чувства кон неа. Меѓутоа, со цел да најде пари за новиот клуб, тој се дружи и со поранешната стриптизета Вера (ја игра Хејворт), која сега е богата вдовица и угледна госпоѓа.IMDb, Pal Joey (1957) (пристапено на 28.9.2017)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Музички филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1957 година Категорија:Филмови на Џорџ Сидни Категорија:Филмови со Френк Синатра Категорија:Филмови со Ким Новак Категорија:Филмови со Рита Хејворт Категорија:Црно-бели филмови