Свети Атанасиј — главна и единствена селска црква во селото Сенокос. Сместена е во крајниот западен дел од селото.

Историја Според натписот во нишата над влезот на северната страна, црквата била обновена на 12 јули 1874 година врз темелите на постара градба.„Црква „Свети Атанасиј“, село Сенокос “. OldPrilep. 20 април 2012.

Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна и засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна украсена со седум слепи ниши. Кон западната страна е доградена припрата и помошен објект со правец на протегање север-југ. Храмот има влез на северната страна над кој има ниша со натпис од кој се дознаваат податоци за црквата. Од десната страна на нишата е закачена мермерна плоча со основни податоци. Во црквата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште. Имено, кон надворешната страна на храмот е вѕидана надгробна плоча од мермер со грчки натпис. Во внатрешноста се чува мермерна плоча во облик на медалјон со релјефна претстава на три бисти, а во припратата има две стебла од столбови и дел од архитравна греда од мермер. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен и на јужната страна се наоѓа влезот на камбанаријата, а горниот дел е изграден од тули и на секоја негова страна има по една монофора.

Галерија

Поврзано Црква Св. Атанас — археолошко наоѓалиште Сенокос Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Варошка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Сенокос (Прилепско) Сенокос