Риба и мачка - ирански филм од 2013 година, во режија на Шарам Мокри, кој е автор и на сценариото. Улогите ги толкуваат: Бабак Карими, Саид Ебрахимифар, Абед Абест и Ајназ Азархуш. Според режисерот Шарам Мокри, во филмот „се работи за тоа како да создадеш гледиште во времето и да го поместиш времето. Она што ме мотивираше во правењето на овој филм е неговиот стил во реализацијата: инсистирање на наративна фикција во границите на еден единствен кадар и обидот да се создаде пукнатина во времето за време на тој еден кадар. Избрав да раскажам вистинска приказна, што сепак потсетува на кошмар“.
Содржина Студенти патуваат во една оддалечена област, каде што планираат да кампуваат и да учествуваат во настан, во кој се пуштаат летала. Крај пустиот езерски брег, има ресторан каде тројца готвачи се однесуваат многу сомнително со студентите. Односот помеѓу студентите и готвачите со време станува сè почуден, додека, се чини, дека студентите се соочуваат со извесни проблеми од кои нема бегање.
Наводи
Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Ирански филмови Категорија:Филмови на Шарам Мокри