Натал (на португалски Natal со значење „Божик“) — град во североисточниот дел на Бразил на брегот на Атлантскиот Окена. Главен град и најголем град на државата Северно Рио Гранде, сместена во североисточниот дел на Бразил. Според извештајот на ИВГЕ за јули 2014 година, градот имал вкупно 862.044 жители, додека големиот Натал имал 1.455.505 жители.
Изградбата на Виа Костера (крајбрежен автопат), 10 километри долга авенија долж брегот и дините, беше вистинската почетна точка за почетокот на туристичката активност во државата во 1980-тите. Главните хотели се концентрирани по Виа Костера. Натал има неколку туристички атракции и е познат по својата природна убавина (како што се кристалните води на Маракаџу и најголемото кашуово дрво во светот), неговите историски споменици и градби (на пример, Тврдина Дос Реиш Магос, Театарот Алберто Марањо и мостот Њутн Наваро), своите плажи (како што се Понта Негра, Пипа и Генипабу), како и за неговиот карневал вон сезона, Карнатал. Градот, исто така, може да се пофали со втор по големина урбан парк во Бразил, Државниот парк Натал Дунас.
Тоа е најблискиот сојузен главен град на Бразил до Африка и Европа. Меѓународниот аеродром во Големиот Натал го поврзува Натал со многу бразилски градови и, исто така, на него слетуваат некои меѓународни летови. Градот беше еден од градовите домаќини на Светското првенство на ФИФА 2014 година.
Категорија:Градови во Бразил Категорија:Бразил Категорија:Населени места основани во 1599 година