Гаруа (, ) — град во Камерун и седиште на Северниот регион. Претставува центар на текстилната и памучната индустрија и важен сообраќаен центар за речната пловидба. Во 2005 г. населението броело 235.996 жители.

Историја Градот го основал фуланскиот емир Модибо Адама во првата половина на XIX век. Во времето на паробродовите станало важно речно пристаниште.

Географија Гаруа е сместена на северот на Камерун, на бреговите на реката Бенуе. Од неа се пристапува во Националниот парк Бенуе. Има повеќе населби, и тоа Трговскиот центар, Лопере, Маруер и Јелва на северозапад, недалеку од меѓународниот аеродром.

Клима Просечната температура во градот се движи од во јануари до во април.

Население Според пописот од 2005 г. Гаруа има 235.996 жители кои му припаѓаат на народот Фулани. Во градот има и значаен број на доселени Чаѓани и конзулат на Чад.

Стопанство Градот има пристаниште на четврто место по обем во земјата, и има улога на важен трговски центар. Најтргувани стоки се нафтата, цементот, кожата, кикиритките и памукот, кои се превезуваат на бродови по реката Бенуе до Буруту во Нигерија. Памучната индустрија има долга историја и во градот има неколку тексилопреработувачки погони. Тука е сместена една од главните експозитури на памучното претпријатие „Содекотон“. Од важност се и кожарството и риболовот.

Знаменитости Меѓу позначајните знаменитости во градот се Големата џамија и стадионот „Румде Адиџа“ со 35.000 седишта, дом на ФК Котон Спорт. Има неколку банки и осигурителни друштва, болница и средно училиште.

Сообраќај Гаруа има добра сообраќајна поврзаност со сопствен меѓународен аеродром. Низ градот минува и Државниот автопат 1, на крстосница на патиштата за Маруа и Нгаундере. Главниот месен пат низ градот и до аеродромот се нарекува „Ри де Жандермери“.

Познати личности Ахмаду Ахиџо (1924-1989) — прв претседател на Камерун Елдриџ Мохамаду (1934-2004) — историчар и професор на Универзитетот во Мајдугури (Нигерија).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Камерун Категорија:Северен регион (Камерун)