Свети Мина, Виктор и Викентиј (позната и како Света Мартинија) — нова црква во селото Јабланица.
Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.
Во кругот на црквата се наоѓаат гробишта на поголемиот број на семејства на Дејкоска Маала и на неколку од Горна Маала.
Местоположба
Црквата се наоѓа на едно возвишение во Дејкоска Маала.
Историја
Се смета дека денешната градба, која е од 1975 година е подигната на темелите на претходна, чиешто постоење временски се лоцира порано отколку црквата „Св. Богородица“ во Топлец.
Архитектура
Во оваа црква фрескоживописот е доста скромен и насликан во поново време, иконостасот е без некоја посебна уметничка вредност, но при кражба во црквата, биле украдени неколку вредни икони. Украдените икони исто како и во црквата „Св. Богородица“ се заменети со веродостојни реплики.
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Ложанска парохија Јабланица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јабланица (село) Јабланица Јабланица Јабланица