Свети Александар — христијански храм, гробјанска црква на кичевското село Белица.

Црквата е сместена во јужниот дел на селото, на рид, во обраснат шумовит предел. Црквата е многу стара и е изградена на темели на постар објект. Таа е една од ретките што се посветени на светиот маченик Александар Римски, кој маченички пострадал токму во Македонија. Во црквата е регистриран археолошки објект. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од тогашниот српски началник.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Според преданија, тука се смета дека се наоѓаат моштите на свететоц Александар. Во еден дел од црквичето има камен со латински натпис.

Поврзано Трета кичевска парохија Белица Св. Александрија - археолошко наоѓалиште во црквата; Црква „Св. Ѓорѓи“- селската соборна црква;

Наводи

Категорија:Белица (Кичевско) Белица