Виктор Викторович Коваленко (роден на 14 февруари 1996 година, во Херсон) — украински фудбалер, играч од средниот ред на Емполи.

Клупска кариера Коваленко е производ на младинскиот систем на Шахтар Донецк. Тој го направил своето деби во Украинската Премиер лига за Шахтар во натпреварот против Ворскла Полтава на 28 февруари 2015 година. На 9 мај 2015 година, тој забележал две асистенции за петтиот и шестиот гол на Шахтар во победата со 7-3 над Говерла Ужгород.

Репрезентативна кариера Коваленко бил повикан во украинската репрезентација под 20 години да игра на Светското првенство под 20 години 2015 во Нов Зеланд. Тој постигнал два гола во победата со 6-0 над Мјанмар и додал хет-трик против САД во победата со 3-0 во Окленд, квалификувајќи ја својата репрезентација во осминафиналето. Тој бил најдобар стрелец на турнирот со 5 постигнати гола.

Во јуни 2016 Коваленко се нашол на списокот со репрезентативци на селекторот на сениорската репрезентација Михајло Фоменко за Европското првенство 2016 во Франција. Тој ги одиграл сите три натпревари на Украина во групата Ц, но неговата репрезентација го завршила настапот уште во групната фаза доживувајќи три порази.

Титули Шахтар Донецк Премиер лига на Украина (1) : 2016-2017 Куп на Украина (2) : 2015-2016, 2016-2017 Суперкуп на Украина (2) : 2015, 2017

Наводи

Надворешни врски Виктор Коваленко на soccerway Виктор Коваленко на transfermakt Виктор Коваленко на whoscored Виктор Коваленко на espn Виктор Коваленко на Goal.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Украински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Шахтар Донецк Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Родени во 1996 година