мини|десно|Местоположба на Вестеролен Вестеролен () — област и архипелаг во најсеверниот дел на округот Нурлан, Норвешка. Сместена е северно од Лофотенските Острови и западно од градот Харстад.

Name Старонордиските облици на името се и (во множина). Поимот значи „запад“, а значи „(длабок и тесен) ракав“ или „проток“, и се однесува на преминот западно од островот Хинеја. Се претпоставува дека стариот назив на преминот источно од Хинеја (денес наречен Тјелдсундет) бил (со значење „источен ракав/проток“).

Географија мини|Селото Блејк на Андеј. Недалеку од брегот водата е длабока и тука се хранат кашалоти. Вестеролен ги опфаќа општините Андеј, Бе, Екснес, Суртлан и Хадсел. Според некои поимувања, тука може да се вброи и општината Лединген. Областа е распоредена на неколку острови: Лангеја, Андеја, Хадселеја, западниот дел на Хинеја, северниот дел на Ауствогеја и на неколку помали острови.

Пределите се планински, но планините се позаоблени во споредба со оние на Лофотенските Острови. Населените места лежат на самиот брег, помеѓу планините и фјордовите. Има неколку езера, од кои особено се издвојува Алсвогватнет. На дел од територијата се протега и националниот парк МејсаленМејсален — Национални паркови на Норвешка . Климата е морска и зимите се благи, со оглед на местоположбата северно од поларникот. Просечната јануарска температура во Стокмаркнес (Хадсел) изнесува , а во јули изнесува во деноноќен просек; просечната годишна температура е , а најмногу врнежи има на есен, со просек од 1.220 мм.

Сообраќај Вестеролен со мостови е поврзан со копното и со аеродромот во Евенес. Сообраќајот до Лофотенските Острови се одвива со траект, а од 2007 г. и преку копнен патен правец.

По бреговите на областа плови паробродот „Хуртигрутен“, кој застанува во Стокмаркнес, Суртлан и Рисејхамн. Има два аеродроми: во Стокмеркнес (за мали летала) и во Анденес на Андеја.

Стопанство Населението на Вестеролен брои 30.648 (2004) жители.Централното статистичко биро на Норвешка Најголемо населено место е Суртлан, но обласната болница е во соседниот Стокмаркнес, седиште на општината Хадсел. Во Андеја има воздухопловна станица на Норвешкото воено воздухопловство каде се чуваат сите авиони за поморска патрола „П-3 Орион“, а тука е сместена и истоимената база за испитувачки ракети. Во Суртлан се наоѓа северната база на Норвешката крајбрежна стража.

Рибарството игра важна улога во стопанството на областа, особено уловот на бакалар. Застапено е и рибникарството, а донекаде и земјоделството.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Портал за Вестеролен Областен совет на Вестеролен Вестеролен — група на Flickr

Категорија:Краеви во Норвешка Категорија:Архипелази во Норвешка Категорија:Нурлан