Адем Љајиќ (роден на 29 ноември 1991 година во Нови Пазар) — српски фудбалер, играч од средниот ред на Торино и на српската репрезентација.

Животопис Роден е во Нови Пазар, денешна Србија (тогашна Југославија), од босански родители, доминантна етничка група во областа од која потекнува. Љајиќ е припадник на исламската религија.

Технички одлики Може да игра, како втор напаѓач,Fiorentina, Ljajic: Miha deluso, va in prestito? calciomercato.com треквартиста или крило.

Клупска кариера Партизан Љајиќ му се приклучил на Партизан во 2005 година, на возраст од 14 години, потпишувајќи од српскиот нисколигашки клуб, ФК Јошаница.. Љајиќ бил првиот играч што го носел дресот со број 22 за Партизан, откако Саша Илиќ заминал во Галатасарај во 2005 година. Своето деби како професионалец го направил на 29 јули 2008 година, во вториот круг од квалификациите за Лигата на шампионите против Интер Баку. Тој влегол како замена во 51-вата минута на местото на Вељко Пауновиќ.Second qualifying round, First leg - 29/07/2008 - Inter Baku - Partizan 1-1 На 23 ноември 2008 го постигнал својот прв гол во професионалната кариера во победата со 5-1 над ОФК Белград во српското првенство. Својата прва сезона ја завршил со 28 настапи и 4 гола.

Во јануари 2009, екипата на Манчестер Јунајтед објавила дека потпишале со двајца фудбалери на Партизан Љајиќ и неговиот соиграч, Зоран Тошиќ. Според договорот Тошиќ требало веднаш да му се приклучи на клубот, додека Љајиќ да остане во Партизан до крајот на 2009 година, приклучувајќи му се на Јунајтед во јануари 2010 година. Сепак, Јунајтед одлучил да не ја искористи својата можност да го доведе Љајиќ поради проблеми околу барањето на клубот за работната дозвола на играчот. Откако трансферот пропаднал, тренерот на Партизан Горан Стевановиќ изјавил дека целата работа предизвикала кај Љајиќ "психолошки шок", но дека играчот "добро се справил со ситуацијата".

Фјорентина

На 15 јануари 2010 година, Љајиќ преминал во редовите на италијанската Фјорентина за сума од 6.5 милиони евра. Откако потпишал петгодишен договор со клубот избрал да го носи дресот со број 22, во чест на неговиот идол Кака. Дебитирал во Серија А на 31 јануари 2010 на возраст од 18 години, влегувајќи во игра од клупата на местото на Мануел Пасквал во натпреварот Каљари-Фјорентина 2-2. Во својата прва сезона во Италија забележал вкупно 9 настапи во лигата под водство на тренерот Чезаре Прандели. За време на сезоната 2010-2011, по доаѓањето на неговиот сонародник Синиша Михајловиќ на клупата на виола, тој добива многу поголема минутажа и забележил 26 настапи и 3 гола во лигата, од кои првиот дошол на 18 септември 2010 година од пенал против Лацио, а другите два ги постигнал против Парма (повторно од пенал) и Бреша.

Во сезоната 2011-2012 Љајиќ повторно се соочува со проблем да најде поголема минутажа во првиот тим, забележувајќи само 15 настапи во првенството и еден гол на 1 април 2012 година во поразот на домашен терен од Кјево. На 2 мај 2012, во домашниот натпревар против Новара што завршил со резултат 2-2, тренерот Делио Роси го заменил Љајиќ со Рубен Оливера само по 32 минути игра; по излегувањето играчот саркастично му аплаудирал на тренерот и дошло до меѓусебна вербална препирка која довела до физичка агресија кон играчот.Fiorentina: Delio Rossi aggredisce Ljaic Ansa.it Како резултат на ова Фјорентина објавила по натпреварот дека Роси е отпуштен од функцијата тренер на првиот тим,Andrea Della Valle: "Esonerato Delio Rossi" it.violachannel.tv а Љајиќ бил исклучен од тимот до крајот на сезоната.Per Adem Ljajic in arrivo una pesante multa e l'esclusione dalla rosa fiorentina.it Соиграчот на Љајиќ, Валон Бехрами, кој бил на клупата за време на инцидентот, изјавил дека никој, вклучувајќи го и него, не слушнал Љајиќ да го навреди Роси, со што ги побил тврдењата на тренерот дека Љајиќ го навредил неговото семејство. Бехрами додал дека Роси треба да се срами за своите постапки, како и за лагите кои ги изнел во медиумите.

Со серијата последователни добри перформанси во припремниот период Љајиќ го убедува новиот тренер Винченцо Монтела да му даде повеќе простор за игра во новата сезона.A Moena è stato fra i migliori: Ljajic si gioca la seconda opportunità fiorentina.it На 18 август 2012 го постигнал својот прв гол за сезоната во натпреварот против Новара во Купот на Италија. На 17 февруари 2013, во победата на Фјорентина над Интер со 4-1, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар.4-1, Jovetic e Ljajic affondano i nerazzurri Repubblica.it На 19 мај, во својот последен првенствен натпревар за Фјорентина против Пескара, тој го реализирал првиот хет-трик во својата кариера, со што дошол до бројката од вкупно 12 гола за сезоната.

Рома На 28 август 2013, официјално бил комплетиран трансферот на Љајиќ во Рома за 11 милиони евра плус 4 милиони бонуси, потпишувајќи договор до 30 јуни 2017. Тој избрал да го носи дресот со број 8, останат празен по заминувањето на Ерик Ламела, кој исто така го користел во српската репрезентација.Roma, Ljajic: "Ho preso l'8 perché lo avevo avuto anche al Partizan" - TuttoMercatoWeb.com На 1 септември 2013 дебитирал за џалоросите во натпреварот против Хелас Верона, заменувајќи го Алесандро Флоренци и одбележувајќи гол со кој го поставил конечниот резултат 3-0 за Рома. По позитивниот почеток на сезоната, каде што на 22 септември постигнал гол во дербито против Лацио, што завршило 2-0, и во следниот натпревар против Болоња (што се одиграл на неговиот 22-ри роденден), победата со 5-0, играчот бележи пад во формата, поради што го загубил местото во почетната постава и најчесто влегува во игра од клупата. Се вратил на постигнувањето голови на 18 јануари 2014, во победата на домашен терен со 3-0 над Ливорно. Својата прва сезона во Рим ја завршил со 6 гола во 32 настапи.

Следната сезона ја започнал со победа во првото коло на Серија А 2014-2015 над неговиот поранешен клуб Фјорентина со 2-0 на 30 август 2014. На 24 септември го одбележил неговиот прв сезонски гол против Парма, во победата со 2-1. На 22 ноември, тој бил протагонист во победата со 2-1 над Аталанта, постигнувајќи го израмнувачкиот погодок за својот тим и бил асистент за победничкиот гол кој го постигнал Раџа Наинголан. На 6 декември, тој постигнал два гола со кој ја спасил Рома од пораз на домашен терен од Сасуоло, во натпревар што завршил 2-2.. На 25 јануари одново и носи бод на Рома, овојпат на гостувањето кај Фјорентина во ремито 1-1. На 8 февруари тој го постигнал првиот од двата гола на Рома во победата со 1-2 на гостувањето кај Каљари. На 26 февруари тој го постигнал својот прв сезонски погодок во европските натпреварувања против Фејенорд, и тој се покажал клучен за успехот на џалоросите со 2-1. Љајиќ ја завршил сезоната со 41 настап и 9 гола, и бил втор клупски стрелец за сезоната зад Франческо Тоти.

Интер Го започнал првенството 2015-2016 во дресот на Рома, забележувајќи еден настап (последниот за Рома) против Јувентус во второто коло: влегувајќи во игра на една минута до крајот на натпреварот. Во последните часови од трансферниот прозорец, Љајиќ му се приклучил на Интер: договорот за заем од 1,75 милиони евра со право на откуп за поставена сума од 11 милиони евра. Својот прв гол за нераѕурите го постигнал на 30 ноември 2015 во поразот од Наполи со 2-1 а истото против истиот противник го повторил во Купот на Италија. Сезоната ја завршил со 28 настапи и 4 гола во сите натпреварувања, но неговите перформанси не ја задоволиле управата на Интер кој одлучиле да не го искористат правото на откуп.

Торино Во јули 2016 година Љајиќ потпишал за Торино откако клубот и исплатил на Рома вкупно 9 милиони евра (8,5 веднаш и 0,5 бонуси) за неговиот трансфер: ова го направило Љајиќ најскапото засилување на Торино откако претседател на клубот е Урбан Каиро. Во клубот тој повторно се соединува со тренерот Синиша Михајловиќ кој му бил тренер во Фјорентина и во српската репрезентација.Ljajić i Mihajlović ponovo zajedno: Mnogo je važan za moju karijeru Играјќи како треквартиста во напаѓачката тројка, заедно со Јаго Фалке и Андреја Белоти, на 17 октомври постигнал два гола во победата со 4-1 над Палермо.

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 5 ноември 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2008-2009 Партизан СС 24 5 КС 5 1 ЛШ+КУ 2во преелиминарните кола.+2 0 - - - 33 6 2009-јан. 2010 СС 14 4 КС 2 0 ЛШ+ЛЕ 1+72 во преелиминарните кола. 0+2 - - - 24 6Вкупно Партизан 38 9 7 1 12 2 - - 57 12 јан.-јун. 2010 Фјорентина А 9 0 КИ 1 0 ЛШ - - - - - 10 0 2010-2011 А 26 3 КИ 2 0 - - - - - - 28 3 2011-2012 А 15 1 КИ 3 0 - - - - - - 18 1 2012-2013 А 28 11 КИ 3 1 - - - - - - 31 12 авг. 2013 А 0 0 КИ 0 0 ЛЕ 1 0 - - - 1 0Вкупно Фјорентина 78 15 9 1 1 0 - - 88 16 2013-2014 Рома А 28 6 КИ 4 0 - - - - - - 32 6 2014-2015 А 32 8 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 4+3 0+1 - - - 41 9 авг. 2015 А 1 0 КИ - - ЛШ - - - - - 1 0Вкупно Рома 61 14 6 0 7 1 - - 74 15 2015-2016 Интер А 25 3 КИ 3 1 - - - - - - 28 4 2016-2017 Торино А 33 10 КИ 3 2 - - - - - - 36 12 2017-2018 А 12 3 КИ 1 0 - - - - - - 13 3Вкупно во кариерата 247 54 29 5 20 3 - - 296 62

Титули Партизан Суперлига на Србија (1) : 2008-2009. Куп на Србија (1) : 2008-2009.

Наводи

Надворешни врски

Адем Љајиќ на soccerway Адем Љајиќ на transfermakt Адем Љајиќ на whoscored Адем Љајиќ на espn Адем Љајиќ на tuttocalciatori

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година