мини|десно|300 px|Изработка на оригами Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. Зборот оригами, потекнува од ору што значи виткање и гами што значи хартија. Квадратната хартија вообичаено има површина од 15 cm x 15 cm и постои во разни бои или јапонски дизајни.
Традиционалното Јапонско оригами се состои од виткање на хартија наречена уаши, во различни облици и со сечење и со лепење. За разлика од ова, во денешното оригами обично само се витка.
Историја Самата хартија била измислена во Кина и стигнала во Јапонија во 7 век. Оттука, оригамито почнало да се прави за време на празници и се збратимило со религиозните церемонии. Оригамито како занимација започнало во периодот Муромачи (1338-1573) кога почнале да се прават кукли и слично. Особено било популаризирано во периодот Едо (1603-1868).
Бои Боите на создадените модели специфираат чувства и односи, како на пр: Црвената - љубов и страст. Кафеавата - приземјеност, пријателство и лојалност. Зелената - хармонија, рамнотежа и здравје.
Денес мини|Најтипичната форма - Оризуру|400 pxНајпопуларизираната форма на оригами во денешно време е Оризуру (вид штрк). Некои веруваат дека доколку се направат 1000 оризуру и се поврзат заедно, може да се излечи човек од каква било болест (т.е., да се исполни желба). Денес подарок од овој тип може да се најде покрај некои кревети во болниците во Јапонија.
Поврзано
Модуларно оригами Оригами техники Кинеско виткање на хартија Пепакура Ноши Хартиено авионче Кусудама Оригамска архитектура Список на оригами сајтови со дијаграми
Извор Јошијуки Араисо и Џин Мур, 1994, Јапонско-англискиот разговорен речник за Јапонија, Обунша. ISBN 4-01-075023-5
* Категорија:Јапонски поими Категорија:Хартиена уметност Категорија:Активности во слободно време Категорија:Јапонски пронајдоци