Клиноопашеста стрнарка () — вид птица од семејството на тангарите (Thraupidae). Се среќава во Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Костарика, Панама, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај и Француска Гвајана.

Птицата претежно живее во Јужна Америка, и тоа во јужен Бразил, Боливија, источен Парагвај и крајниот североисток на Аргентина, во подрачјата на Серадо, Пантанал и јужна Каатинга; во помала мера присутна е и во северна Колумбија и централна Венецуела, атлантскиот брег на Гвијана, како и островот Маражо во одливот на Амазон. Природните живеалишта на клиноопашестата стрнарка се сувата савана, сезонски поплавените низински тревишта од суптропски и тропски вид, како и во значајно оштетени поранешни шумски предели.

Наводи

Надворешни врски

Видеоснимки од клиноопашестата стрнарка — Семрежна збирка на птици

Категорија:Тревни стрнарки Категорија:Птици на Јужна Америка