Суво Поле — карсно поле, висорамнина на планината Бистра. Се наоѓа на југ од карсното поле Салтаница, сместено помеѓу врвовите Вели Вар (1,915 м) на запад и Бунтовица (1,829 м) на исток. Со карсното поле Султаница се поврзува преку превојот на височина од 1,740 м, а во јужен правец е заградено со возвишение чија височина се движи помеѓу 60 и 85 м. Полето е тектонски предиспонирано со систем на раседи. Еден таков расед поминува по дното на самото поле чиј правец на протегање е север‐југ. Дното на карсното поле е зарамнето, а по него се среќаваат бројни вртачи со најразлични форми. Полето е суво и безводно по што и го добило името. Речна мрежа не постои, а целокупната вода од врнежите и водата што се добива со топењето на снеговите се инфилтрира вдолж бројните пукнатини и понорите што се наоѓаат по дното на вртачите. Дното на полето е препокриено со црвеница врз која се развила бујна тревна вегетација. На самиот источен крај веднаш над работ над длабокиот дел на Јадовска Река постои созѕидана каптажа за вода, а на Суво Поле постои и едно бачило. Низ Суво Поле поминува обележана планинарска патека која води од Тресонче преку врвовите Голем и Мал Брзовец до Галичник.
Галерија
Наводи
Категорија:Бистра Категорија:Карсни полиња во Македонија