ВЛЕЗA   B ИЗЛЕЗ A И B0 0 00 1 01 0 01 1 1

И врата, И коло или И капија () – основна дигитална логичка врата која извршува логичка конјункција, нејзиниот излез ја следи таблицата на вистинитоста прикажана на десната страна. Логичка единица „1“ се добива само ако двата влеза се во состојба на логичка „1“.

Едноставен пример на логичката функција И се 2 прекинувачи сериски споени со батерија и светилка во струјно коло. Само ако и двата прекинувачи се вклучени (логичка „1“), струјата може да тече.

Математичко-логичко разгледување Видете ја статијата Логичка конјункција.

Симболи Постојат 3 симбола за И коло, обичен („воен“, „американски“), европски или правоаголен (ИЕЦ) и ДИН симбол. Обичен И симбол (воен, американски)Правоаголен или европски симболДИН симбол И вратата со влезови A и B и излез C го извршува логичкиот израз .

Изведби мини|125px|И коло изведено со диоди мини|125px|И коло изведено со транзистори мини|NMOS И коло

Вообичаено И колото се дизајнира со N-канален (на сликата) или P-канален Метал-оксиден транзистор со ефект на поле (MOSFET).

Алтернативи Доколку на располагање нема И коло, истото може да се изведе од НИ или НИЛИ кола, бидејќи НИ и НИЛИ колата се сметаат за „универзални кола“,Mano, M. Morris and Charles R. Kime. Logic and Computer Design Fundamentals, Third Edition. Prentice Hall, 2004. p. 73. што значи дека истите може да се користат за да се изведат сите други.

Барано колоИзведба со НИ колаИзведба со НИЛИ колаПодатотека:AND from NOR.svg

Хардверски опис и распоред на пиновите

И колата постојат во изведба со ТТЛ и CMOS изведба како интегрални кола. На сликата е прикажан пример на четирикратни И врати со по 2 влеза во дигитално ЦМОС коло.

мини|десно|170п| И врати во интегралното коло 4081.

Исто така постојат интегрални кола со И врати со 3 и 4 влеза.

4073: Трикратна И врата со по 3 влеза 4082: Двократна И врата со по 4 влеза

Поврзано ИЛИ врата НИ врата НИЛИ врата ЕКСИЛИ врата ЕКСНИЛИ врата НЕ врата Логичко коло

Наводи

Надворешни врски

Распоред на пинови за разни дигитални кола со логички врати

Категорија:Електроника Категорија:Дигитална електроника Категорија:Логички кола