Боденвердер (; службено наречен Минхаузенштат Боденвердер) — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер и е најмногу познат како родното место на Барон Минхаузен.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Боденвердер-Поле.
Географија
Боденвердер се наоѓа помеѓу градовите Хамелн и Холцминден на реката Везер. Југоисточнот од него се наоѓа ридскиот масив Фоглер. Во близина на градот во Везер се влева реката Лене.
Градски единици
Градот Боденвердер е составен од:
Боденвердер Бухаген Кемнаде Линзе Риле
Историја
Боденвердер го добил статусот на град во 1287 година од Хајнрих II фон Хомбург. Постоел важен мост над реката во 1289 година, кој ги поврзувал Хамелн-Падерборн со Ајнбек-Франкфурт. Околу 1340 година владетел на населбата бил Хомборг Бодо, кој го осмислил градот со ѕидини и кули. Од него потекнува името на градот.
Во 1750 година се родил Барон Минхаузен, кој се повлекол тука и ги раскажувал познатите приказни на неговите пријатели. Умрел во 1797 година и е погребан во градот. Неговата куќа била купена од градот во 1935 година и се користи како Градско собрание.
Култура
Наградата „Минхаузен“ за забава се доделува во мај секоја година.
Знаменитости
Музејот Минхаузен и споменикот, како и неговиот грб во манастирската црква во Кемнаде, се познати туристички одредишта. Во градот се наоѓа и готската црква „Св. Никола“. Околу градот се наоѓаат остатоци на средновековните утврдувања.
Познати луѓе
Барон Минхаузен (1720-1797) — раскажувач Јонатан Брил (1942-1988) — писател, режисер и текстописец
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Холцминден (округ) Категорија:Хановер (покраина)