Бејаз Тепе или Бејас Тепе (, македонски: Бел Рид) — највисок врв на планината Средна во источна Македонија, меѓу долините на реките Брегалница и Желевица. Се наоѓа во средишниот дел на планинското било и се одликува со не многу голема издаденост поради што тој речиси воопшто не е забележителен и видлив од селата Разловци и Нов Истевник, од каде води обележана планинарска патека. Врвот Бејаз Тепе бил искачен во официјалната програма на Планинарски предизвик „12 Врвови“.

Галерија

Поврзано Голак Обозна

Наводи

Категорија:Планини во Македонија Категорија:Општина Делчево Категорија:Општина Пехчево