Петар Здравковски – Пенко (Прилеп, 4 ноември 1912 – Бејрут, Либан, 26 јули 1967) — македонски комунист, учесник во НОВКрсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 153 и дипломат. Животопис

Петар Здравковски – Пенко е роден на 4 ноември 1912 година во Прилеп, каде завршил основно образование. Во учебната 1931/32 година завршил Учителска школа во Белград, каде се запознал со напредното работничко движење. Еден период работел како учител во селото Грнчари, Ресенско, како и во други соседни села.

Стапил во редовите на КПЈ, а по окупацијата во 1941 година, учествувал во подготовките за вооруженото востание во Прилеп. Кон крајот на 1942 година, станал член на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп, задолжен за агитација и пропаганда. Бил затворен и по долго иследување, интерниран во Бугарија. Во пролетта 1943 година, се вратил во Македонија, а веќе во есента 1943 година бил во редовите на вооружените единици на НОВ во Дебрца, каде извршувал редица одговорни функции.

По Втората светска војна, Петар Здравковски – Пенко се наоѓал на разни раководни функции. мини|Петар Здравковски - Пенко на предавање на акредитивите на Претседателот на Либан во 1965 година Го владеел францускиот јазик, а се служел со англискиот, рускиот и турскиот јазик. Дипломатската кариера ја започнал како ополномоштен министер (ранг на амбасадор) во дипломатската мисија на поранешна Југославија во Хелсинки, Финска (1950-1953). Бил началник на Одделението на Сојузниот секретаријат за надворешни работи во Белград (1953-1954) и генерален конзул на поранешна Југославија во Марсеј, Франција (1954-1957). Во 1965 година е поставен за амбасадор во Бејрут, Либан каде и починал во 1967 година.

За својата општествена работа бил одликуван со повеќе национални и меѓународни одликувања и признанија. Носител е на Партизанска споменица 1941 - 1946, Орден на братството и единството - 1947, Орден на заслуги за народот II - 1947, Орден за храброст - 1950, Големиот крст на орденот на лавот на Финска (Grand Cross of the Order of the Lion of Finland) - 1952, Орден на Републиката (сребрен венец) - 1961, Легија на честа на Франција - офицер (Légion d’honneur - officier) 7 мај 1956, Националниот ред на кедарот на Либан (Le grand cordon d’ordre des cèdres) - 1967.

Во Општина Бутел во Скопје едно од основните училишта го носи неговото име.

Во Прилеп една улица е именувана Пенко Здравкоски.

Наводи

Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски дипломати Категорија:Југословенски дипломати Категорија:Македонски учители Категорија:Југословенски учители Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во 1967 година