Плетерница (хрватски: Pleternica) — град во Хрватска. Плетерница се наоѓа во историско-географската област Славонија, а административно е дел од Пожешко-славонската жупанија. Општина Плетерница, според пописот од 2011 година, имала население од 11.323 жители, а само во градот имало 3.418 жители.
Местоположба Плетерница се наоѓа на 12 км југоисточно од Пожега, во Пожешката долина. Самото гратче се наоѓа на сливот на реката Лонџа во Орљава, во подножјето на планината Пожешка Гора. Градот се наоѓа на надморска височина од околу 153 метри.
Население Според пописот од 2011 година, општината имала население од 11.323 жители во 38 населени места:
Ашиковци, жители: 91 Билице, жители: 188 Блацко, жители: 226 Брѓани, жители: 49 Бресница, жители: 218 Бродски Дреновац, жители: 686 Бучје, жители: 318 Бук, жители: 192 Бзеница, жители: 96 Ќосинац, жители: 54 Фркљевци, жители: 345 Градац, жители: 937 Кадановци, жители: 213 Калиниќ, жители: 59 Кнежци, жители: 61 Коморица, жители: 188 Кузмица, жители: 454 Лакушија, жители: 78 Мали Билач, жители: 21 Михаљевиќи, жители: 2 Новоселци, жители: 195 Плетерница, жители: 3,418 Плетернички Михаљевци, жители: 15 Полоје, жители: 87 Пожешка Копривница, жители: 246 Ратковица, жители: 224 Ресник, жители: 307 Сесвете, жители: 128 Средно Село, жители: 285 Сулковци, жители: 537 Свилна, жители: 139 Трапари, жители: 178 Тулник, жители: 22 Весела, жители: 159 Вишковци, жители: 234 Врчин Дол, жители: 2 Заграѓе, жители: 492 Зарилац, жители: 176
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место (хрватски)
Категорија:Пожешко-славонска Жупанија Категорија:Градови во Хрватска