Дуго Село (хрватски: Dugo Selo) — град во Хрватска. Градот се наоѓа во Загрепската жупанија и практично функционира како приградска населба на Загреб. Според пописот од 2011 година градот имал население од 10.453 жители.
Географија
Дуго Село се наоѓа во Загрепската жупанија, на 20 км од центарот на Загреб. Градот има вкупна површина од 51 километар квадратен. Врвот на брдото Мартин Брег се наоѓа во северниот дел на градот. Повеќето од населбите на Дуго Село се наоѓаат на Мартин Брег. Градот фактички е приградско населено место на Загреб.
Население Според пописот од 2011 година, Општина Дуго Село имала население од 17,466, распоредени во следниве населени места:
Андриловец, жители: 286 Долно Дворишќе, жители: 188 Дуго Село, жители: 10,453 Копчевец, жители: 1,093 Козиншчак, жители: 1,345 Лепровица, жители: 254 Лукаришќе, жители: 1,020 Мала Острна, жители: 325 Прозорје, жители: 521 Пухово, жители: 710 Велика Острна, жители: 1,271
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место
Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Населени места во Загрепската жупанија