Нормандија (, ) — еден од регионите на Франција, приближно одговара на историското Војводство Нормандија.
Административно, Нормандија е поделена на пет департмани: Калвадос, Ер, Манш, Орн и Поморска Сена. Регионот опфаќа . Со население од 3 328 364 жители согласно пописот од 1 јануари 2016 (RP INSEE 2013), населеноста на Нормандија изнесува 111 жители на км2 формирајќи околу 5% од територијата на Франција. Климата е океанска. Средните температури се 6 °C во зима и 17,5 °C во лето.
Жителите на регионот се Нормандијци кои водат потекло од Норманите. Јазикот е нормандски.
Историскиот регион на Нормандија го подразбира денешниот регионот Нормандија, како и мали области кои сега се дел од "департманите," или областите Мајен и Сарт. Каналските Острови (кои Французите ги нарекуваат воедно Англонормандски Острови) историски се дел од Нормандија; тие покриваат 194 км2 и се состојат од: Гернзи и Џерси, кои денес се под власта на Британската Круна и каде кралицата Елизабета II е Војвода на Нормандија.
Името на Нормандија е изведено од населбата главно составена од дански и норвешки викинзи (Нормани) од 9 век, и потврдено со договор во 10 век помеѓу кралот Карло III од Франција и ерлот Роло од Мере, Норвешка. Век и половина по норманското освојување на Англија во 1066, Нормандија и Англија биле поврзани со нормански и франкиски владетели.
Историја мини|Римскиот театар во Лилбон мини|Таписерија Баје (Сцена 23): Харолд II дава заклетва на светите мошти на Вилијам Освојувачот Археолошките наоди, како пештерски цртежи, докажуваат дека луѓе биле присутни во регионот уште во праисторијата.
Келтите (познати и како Белги и Гали) на неколку наврати ја напаѓале Нормандија од 4 до 3 век пред нашата ера. Кога Јулиј Цезар ја нападнал Галија, имало девет различни галски племиња кои живееле во Нормандија. Романизацијата на Нормандија се постигнала со вообичаените методи: изградба на римски патишта и воведување на политика на урбанизација. Класицистите имаат сознанија за многу гало-римски вили во Нормандија.
Во доцниот 3 век, варварите ја опустошиле Нормандија. Крајбрежните населби биле разрушени од саксонските пирати. Христијанството почнало да се воспоставува во тек на овој период. Во 406 година, германските племиња започнале со освојување од исток, додека Саксонците го заземале крајбрежјето. Римскиот цар се повлекол од поголемиот дел на Нормандија. Во 487, просторот меѓу реката Сома и реката Лоара паднале под контрола на франкискиот владетел Клодовик.
Викинзите почнале да ја напаѓаат долината на Сена во средината на 9 век. Уште во 841 година, викиншката флота се појавила на устието на Сена, главниот пат по кој тие навлегле во Британија. По напаѓањето и уништувањето на манастирите, ја искористиле предноста при распадот на империјата на Карло Велики за да го заземат северниот дел на Франција. Војводството Нормандија било создадено за норвешкиотот викиншки водач Хролфр Рагнвалдсон, или Роло (познат и како Роберт од Нормандија). Роло под опсада го држел Париз, но во 911 прифатил вазалство кај кралот на Западните Франки (Карло Простиот), со Спогодбата од Сен Клер сир Епт. Со оваа спогодба на Роло законски му ја потврдиле територијата која тој и неговите викиншки сојузници претходно ја освоиле во битка. Името "Нормандија" го одразува викиншкото (односно норманското) потекло на Роло.
Потомците на Роло и неговите следбеници го усвоиле локалниот галоромански јазик и стапувале во брак со месното население. Така се создале Нормандијци кои се мешавина од Нормани, Франки и Келти.
Роловиот потомок Вилијам, Војвода на Нормандија, станал крал на Англија во 1066 во норманското освојување на Англија кое кулминирало во Битката кај Хејстингс, кога Вилијам го задржал Војводството Нормандија за себе и за неговото идно поколение.
Експанзија на Норманите мини|Норманско освојување во 12 век Покрај норманското освојување на Англија и последователните освојувања на Велс и Ирска, Норманите се прошириле и во други области. Норманските семејства, како оние на Танкред од Отвил, Рејнулф Дренго и Гимонд од Мулен одиграле важна улога во норманското освојување на јужна Италија и во крстоносните војни.
Династијата Дренго и синовите на Танкред, Вилхелм Железата Рака, Дрого од Отвил, Хамфри од Отвил, Роберт Гискар и Рожер Големиот Гроф прогресивно освојувале територии во Јужна Италија сè до основањето на Кралството Сицилија во 1130. Тие и нивното поколение обезбедиле свој дел и во Крстоносните држави од Мала Азија и во Светата Земја.
Норманскиот истражувач од 14 век, Жан де Бетанкур основал царство на Канарските Острови. Бетенкур ја добил титулата Крал на Канарските Острови, но како свој господар го признал Енрике III од Кастиља, којшто му помогнал за време на освојувањето.
Нормандија помеѓу Англија и Франција мини|Јованка Орлеанка гори на клада, во градот Руен, слика од Жил Ежен Ленепве Во 1204, за време на владеењето на Јован Безземниот во Англија, копнениот дел на Нормандија од Англија преминал во Франција, за време на Филип II од Франција. Островскиот дел на Нормандија (Каналските Острови) останале под англиска контрола. Во 1259, Хенри III од Англија ја признал законитоста на француското поседување на копното Нормандија, со Париската спогодба од 1259. Неговите наследници, сепак, честопати се бореле да ја вратат контролата на копнениот дел на Нормандија.
Норманската повелба на Луј X од Франција во 1315 (и подоцна пак потврдена во 1339) – исто како Големата повелба во Англија по 1204 – гарантирала слободи и привилегии на провинцијата Нормандија.
Француската Нормандија била окупирана од Англија за време на Стогодишната војна во 1345-1360 и повторно во 1415-1450. Нормандија изгубила три-четвртини од населението во текот на војната. Потоа се вратил просперитетот во Нормандија сè до верските војни во Франција кога многу нормански градови (Алансон, Руан, Каен, Кутанс, Баје) се приклучиле на протестантската реформација. На Каналските Острови, периодот на калвинизмот по реформацијата бил задушен кога англиканството се наметнал по Англиската граѓанска војна.
Самуел де Шамплен тргнал од пристаништето на Онфлер во 1604 и ја основал Акадија. Четири години подоцна, тој го основал градот Квебек. Оттогаш-наваму, Норманите се вклучиле во политиката за експанзија во Северна Америка. Тие продолжиле да го истражуваат Новиот Свет: Рене-Роберт Кавелје де ла Сал отпатувал во областа на Големите Езера, а потоа на Реката Мисисипи. Пјер Ле Моан Дибервил и брат му Лемоан де Бјенвил ја основале Луизијана, Билокси, Мобил и Њу Орлеанс. На териториите кои се наоѓаат помеѓу Квебек и делтата на Мисисипи се создале Канада и Луизијана. Колонистите од Нормандија биле меѓу најприсутни во Нова Франција, составена од Акадија, Канада, и Луизијана.
Онфлер и Авр биле двете главни пристаништа на Франција за трговијата со робови.
Модерна историја Иако земјоделство останало значајна гранка, индустриите како што се ткаењето, металургија, рафинирање шеќер, керамика и бродоградбата биле воведени и се развивале.
Во 1780, економската криза и кризата на Стариот режим ја погодила Нормандија, како и другите делови на државата, што довело до Француската револуција. Лошите жетви, техничкиот напредок и ефектите од Едемскиот договор потпишан во 1786 влијаеле на вработувањето и економијата на провинцијата. Нормандијците работеле под тежок товар од даночни давачки. Во 1790 петте департмани на Нормандија ја замениле поранешната провинција. На 13 јули 1793, Шарлота Корде го убила јакобинскиот водач Жан Пол Мара.
Нормандијците реагирале малку на многуте политичките пресврти карактеристични за 19 век. Главно тие ги прифаќале промените на режимот (Првото Француско Царство, Бурбонската реставрација, Јулиската монархија, Втората Француска Република, Второто Француско Царство, Третата Француска Република).
По Француските револуционерни војни и Наполеоновите војни (1792-1815) имало економска преродба (механизација на текстилното производство, првите возови и сл.).
Една нова економска активност го поттикнала брегот: крајбрежниот туризам. 19 век го означува раѓањето на првата туристичка плажа. десно|мини|Сојузничката инвазијата на Нормандија, Денот Д, 1944 За време на Втората светска војна, по капитулацијата на 22 јуни 1940 година, копнениот дел на Нормандија бил дел од германската окупирана зона на Франција. Каналските Острови биле под окупација од страна на германските сили од 30 јуни 1940 до 9 мај 1945 година. Во градот Дјеп се случил неуспешниот Напад на Дјеп (познат и како „Операција Насочувач“) од страна на канадските и британските воени сили, на 19 август 1942.
Сојузниците, вклучувајќи ја Британија, САД, Канада и Слободна Франција, координирале голем дотур на војници и материјали за поддршка на големиот напад на Нормандија на Денот Д на 6 јуни 1944 година под кодно име Операција Оверлорд. Каен, Шербур, Карентан, Фалез и други градови изгубиле многу жртви во Битката за Нормандија, која продолжила до затворање на т.н. Фалезиски јаз помеѓу Шамбоа и Мон Ормел. Следело ослободувањето на Авр. Ова било значајна пресвртница во војната и довело до обнова на француската република. Остатокот на Нормандија бил ослободен на 9 Мај 1945 година, на крајот на војната, кога завршила и окупацијата на Каналските Острови.
Помеѓу 1956 и 2015 Нормандија била поделена на два административни региони: Долна Нормандија и Горна Нормандија; регионите биле споени во еден регион на 1 јануари 2016 година. Горна Нормандија (Haute-Normandie) се состоела од француските департмани Поморска Сена и Ер, а Долна Нормандија (Basse-Normandie) на департманите Орн, Калвадос, и Манш.
Географија мини|Средновековниот остров Мон Сен Мишел е најпосетуван споменик во Нормандија, мини|Арш и Егиј на карпите на Етрета мини|Типична куќа во Нормандија Историското Војводство Нормандија порано било независно војводство кое се наоѓа во долниот дел на реката Сена, подрачјето Пеј де Ко и регионот на запад накај Пеј Дож па сè до Котентенскиот полуостров.
Западна Нормандија припаѓа на Армориканскиот масив, иако поголемиот дел од регионот му припаѓа на Парискиот басен. Најстарите карпи во Франција се во ЖобурBay of Écalgrain and Bay of Cul-Rond Website Lithothèque de Normandie. на Котентенскиот полуостров. Регионот долж северниот брегот се граничи со Англискиот Канал. Постојат гранитни карпи во западниот и варовнички карпи во источниот дел. Постојат долги плажи кои се протегаат во средина на областа. Забележливата одлика на пејзажот се создава од меандрите на Сена како што таа се приближува до својата утока. Највисоката точка е Сињал Декув (417 м) во Армориканскиот масив.
Нормандија нема многу шуми:Normandie, Bonneton, Paris 2001 12.8% од територијата е пошумена, во споредба со францускиот просек од 23.6%, иако процентот варира помеѓу департманите. Ер има најмногу шума (21%), додека Манш има најмалку (4%) што воедно е карактеристично и за Островите.
Главни агломерации во Нормандија се : Руан (650 000 жители) Каен (400 000) Авр (300 000) Шербур (115 000) Евре(100 000) Дјеп (82 000) Алансон (67 000) Сен-Ло (66 736)
Каналски Острови Џерси Гернзи Каналските Острови културно и историски се сметаат како дел на Нормандија. Сепак, тие се под Британската Круна и не се дел од денешниот француски регион Нормандија,
Иако Британија го предала копнениот дел на Нормандија, како и друг француски имот во 1801, монархот на Обединетото Кралство ја задржува титулата Војвода на Нормандија за Каналските Острови. Каналските Острови (освен Шосе) денес остануваат под Британската Круна. На тој начин службената здравица на Каналските Острови е "Кралицата, нашиот Војвода" (француски: La Reine, notre Duc). Како што пишува во Парискиот мировен договор од 1259, британскиот монарх се подразбира дека не е Војвода на копното Нормандија.
Реки мини|Сена во Лез Андели десно|мини|Брезла Реките во Нормандија се: Сена и нејзините притоки: Андел Епт Ер Ризла Робек И многу крајбрежни реки: Брезла Куезнон, која традиционално ја одбележува граница помеѓу Војводството на Бретања и Војводство Нормандија Див Орна Се Селин Тук