мини|Хелика Хелика () или Јупитер XLV — месечина на Јупитер. Откриена е од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2003 година и му била дадена привремената ознака .

Хелика има пречник од околу 4 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20,54 милиони киолемтри, правејќи круг за 601,402 дена со наклон од 155° кон еклиптиката (155° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,1375. Просечната орбитална брзина на месечината изнесува 2,48 км/сек.

Месечината своето име го добила во март 2005 година по Хелика, една од нимфите во старогрчката митологија кои го одгледувале Зевс во неговите рани години на островот Крит.

Хелика припаѓа на широкораспространетата Пасифаина група.

Наводи

Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Пасифаина група Категорија:Астрономски тела откриени во 2003 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Неправилни месечини Категорија:Ананкина група Категорија:Месечини со повратна орбита