Ласло Фазекаш (; - ) — унгарски поранешен фудбалер, освојувач на златен олимписки медал во фудбал, фудбалски работник и тренер. Во 1960-тите и 1970-тите години Ласло Фазекаш со тимот на Ујпешт Дожа го има освоено унгарското првенство седум пати по ред што претставува рекорд кој сè уште не е надминат. Тој има освоено и сребрена копачка како втор најдобрар стрелец во Европа 1979-80 сезона и има освоено златен медал на Летните олимписки игри во Meксико Сити 1968 година. Живеел во Шотен, предградие на Антверпен, Белгија. Имал три ќерки, Лили, Ева и Каролин кои исто така живеат во Белгија. Пред смртта се занимавал со спортски маркетинг.
Кариера Клупска
Ласло Фазекаш ја почнал својата клупска кариера во младинските категории на Ујпешт Дожа. Тој се само-развивал како играч и на неговиот 18-ти роденден почнал да тренира со првиот тим. Со негова помош тимот ги достигнал најдобрите резултати во историјата на клубот освојувајќи 9 титули унгарски шампион од кои 7 биле по ред. За сите години додека бил играч на Ујпешт Дожа, успеал да запише 408 настапи во унгарското првенство. Трипати по ред бил најдобар стрелец и тоа 1976, 1978, и 1980 година кога ја освоил и сребрената копачка.
По втората светска војна, Ласло Фазекаш бил втор фудбалер од Унгарија кој заиграл во странство по Ласло Балинт. Неговата водечка улога на теренот и неговите достигнувања во унгарскиот фудбал му донеле можност на 33 годишна возраст да се опроба во белгискиот тим Ројал Антверпен. По четири-годишно играње во Белгија, Ласло Фазекаш се смета за еден од трите најдобри играчи на тимот на Ројал Антверпен на сите времиња. Тој ја завршил својата кариера во тимот на Сан Труиден 1985 година.
Репрезентативна кариера
Помеѓу 1968 и 1983 година, Ласло Фазекаш има соберено 92 настапи и има дадено 24 гола за унгарската репрезентација. Гледано според настапите за репрезентацијата, со 92 настапи, се наоѓа на шестото место на вечната листа зад играчи како што се голманот Габор Кираљ и одличните Јожеф Божик и во поново време Золтан Гера, Роланд Јухас и Балаш Џуџак. Во 1968 година на олимпијадата во Град Мексико го освоил златниот медал со унгарската репрезентација. Настапувал на две светски првенства во Аргентина 1978 година и во Шпанија 1982 година. Во последните натпревари кои ги играл големиот Фазек за репрезентацијата на Унгарија, постигнал 2 гола на мечот против Ел Салвадор во победата од 10-1 а потоа во последниот натпревар на светското првенство 1982 година против репрезентацијата на Белгија голманот на белгијанците Жан-Мари Пфаф ја прекинал неговата голгетерска серија, додека натпреварот завршил со резултат 1-1. Меѓутоа, по завршетокот на светското првенство на 27 март 1983 година Ласло Фазекаш сепак одиграл уште еден натпревар за репрезентацијата на Унгарија во квалификациите за европско првенство против репрезентацијата на Луксембург каде што победиле со 6-2. Тоа воедно бил и прошталниот натпревар.
Тренерска кариера
Неговата тренерска кариера се одвивала единствено во странство и тоа во Белгија додека во домашното првенство неговото име неколкупати се доведувало во прашање за преземање на тимот на Ујпешт и репрезентацијата на Унгарија меѓутоа тоа никогаш не било остварено освен во 1994 година кога добил мала роља како помошник тренер кога прв тренер бил неговиот поранешен соиграч од унгарската репрезентација Мисољ Калман.
„ Јас не разбирам зошто структурата на Баерн Минхен не се примени и кај нас во Унгарија. Кога ги гледам баварците, тогаш го гледам Бекенбауер како претседател, а покрај него седи Румениге како член на одборот. На клупата го гледам Ули Хенес како тренер а веднаш до него седи Зеп Мајер. Мислам дека не е возможно слична постава да видам дома. Како и да е мислим дека илјадниците фудбалски навивачи од Унгарија заслужуваат да видат моќна репрезентација која користи фудбалски совети од поранешни успешни фудбалери.“ Ласло Фазекаш (2003 г.)
Трофеи
Клуб
Унгарска прва лига Шампион (9): 1969, 1970 Пролет, 1970–71, 1971–72, 1972–73, 1973–74, 1974–75, 1977–78, 1978–79 Унгарски куп Шампион (3): 1969, 1970, 1975 Куп на саемските градови Финалист: 1969
Репрезентација Унгарија Златен олимписки медал 1968 година во Meксико Сити
Поединечни Најдобар стрелец во унгарската лига (3): 1975-76, 1977–78, 1979–80 Сребрена копачка: 1979-80
Статистика Репрезентативни настапи и голови
Наводи
Категорија:Унгарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ујпешт Категорија:Фудбалери на ФК Синт-Тројден