Аеродром „Св. Апостол Павле“ или Аеродром Охрид () — меѓународен аеродром помеѓу градовите Охрид и Струга, во југозападниот дел на Македонија.

Аеродромот во моментов има 8 паркинг позиции за авиони од комерцијалната и 5 паркинг позиции за авиони од генералната авијација на пристанишната платформа. Основната причина за постоење на охридскиот аеродром е развој на туризмот во охридскиот туристички регион, како и алтернативен аеродром за летовите на Меѓународниот аеродром Скопје.

Местоположба

Аеродромот се наоѓа во Општина Дебрца, на 2,5 километри од Струга и 5 километри од Охрид, долж државниот пат А2 (Охрид-Кичево-Скопје).

Историја

мини|десно|300п|Поглед на аеродромот

Во својот развоен пат, аеродромот прераснал од леталиште со тревни маневарски површини од сезонски карактер, наменето за одвивање на спортска, школска и комерцијална авијација во домашниот воздушен сообраќај во услови на надворешна видливост, до модерно, современо и афирмирано меѓународно воздухопловно пристаниште во рамките на глобалниот воздухопловен транспортен систем.

Периодот на настанување и афирмација на охридскиот аеродром започнува со официјалното ЈАТ-ово изведување на првиот промотивен лет во комерцијалниот сообраќај на 5 јули 1953 и трае до почетокот на 1968 година, кога се започнати практичните активности околу модернизирање и реконструкција на аеродромот. Со промоцијата на новата воздушна туристичка линија на релација Белград-Скопје-Охрид, ЈАТ го вклучил охридскиот аеродром во сопствената домашна воздушна мрежа на аеродроми во тогашната југословенска заедница.

Во втората половина на 60-тите години, со модернизацијата на флотата на авиони во ЈАТ и со зголемувањето на физичкиот обем на сообраќајот, честопати било поставувано прашањето за потреба од модернизација и реконструкција на охридскиот аеродром. Активностите околу изнаоѓањето на реални можности за реализација на таквата идеја започнале уште кон крајот на 1965 година, а последната оперативна зона на стариот аеродром се одвивала во летниот период 1967 година. Практично, со почетокот на 1968 година завршува превиот развоен период на охридскиот аеродром. Во периодот од 1968 до 1970 година, согласно техничката документација за изградба на новиот аеродром, прво биле изведувани подготвителните работи околу приспособување на теренот на постојната аеродромска локација, а потоа биле започнати градежни работи врз изградба на нова асфалтно-полетно-слетна патека и другите маневарски површини, пристанишна платформа, пристанишна зграда, контролна кула, гаражи, трафостаница, паркинг простор, технички комплекс, приодни патишта, периметарска ограда и други инфраструктурни објекти. Старата пристанишна зграда била реконструирана, проширена и адаптирана за сместување на административните служби.

По завршувањето на градежните работи, целиот аеродромски комплекс зафаќал површина од 640.850 метри квадратни, од кои 29.350 м2 во надворешната (земска) страна, а 611.500 м2 во оградената (воздушна) страна на аеродромот. Асфалтната површина на полетно-слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки изнесувала околу 155.000 м2.

Потребите за стопанско поврзување на регионот во однос на пазарното опкружување во тогашната југословенска заедница, како и за користење на туристичките потенцијали за опслужното подрачје, биле поврзани со потребите за „совладување“ на патните дистанци во рамка на заедничката држава. Сепак, огромните потенцијали за развој на туризмот во опслужното подрачје на аеродромот го претставувале главниот адут и најважната причина за постоење на Аеродром Охрид.

Периодот на осовременување и експанзија на охридскиот аеродром започнува со изведувањето на првиот промотивен лет од страна на чартер превозникот од Белград „Авиогенекс“ во комерцијалниот воздушен сообраќај на новоизградениот аеродром на 8 јуни 1970 година и ќе трае наредните дваесет години, до крајот на 1990 година.

Вистинската експанзија во физичкиот обем на сообраќајот на Аеродром Охрид започнала во втората половина на 80-тите години, со интензивниот развој на стационарниот туризам во текот на летниот период на охридската ривиера. Голем број меѓународни туристи, пред сè од Холандија, Германија и Велика Британија, како и туристи од Словенија и Србија, со што се потврдува фактот дека една од основните причини за постоење на охридскиот аеродром, можеби и најголемата, е развојот на туризмот во Македонија.

Тоа го потврдуваат статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот од 1970 до 1990 година; (во 1970 година се превезени 11.674 патници, реализирани се 308 операции на авиони и 2,9 тони карго пратки; во 1990 година се превезени 67.811 патници, а реализирани се 1.298 операции на авиони и 119,9 тони карго пратки).

Во период март-мај 1990 година е изведена реконструкција на полетно-слетната патека и другите маневарски површини на аеродромот.

Меѓутоа, во 1990 и 1991 година, неколку настани и случувања од сферата на општественото, политичкото и економското живеење во просторите на заедничката држава, кои биле причина за огромни промени на регионален план, предизвикале големи промени во работењето и функционирањето и на охридскиот аеродром и всушност го одредиле преломниот момент во неговиот понатамошен развој. Практично, со тоа завршува вториот развоен период на Аеродромот Охрид. Без оглед на бројноста на домашните воздушни превозници и шареноликоста на нивната флота и без оглед на воспоставените воздушни релации кои ја поврзаа Македонија со светот, никој од нив не се обиде да направи посериозни напори за да го поврзе охридскиот аеродром со атрактивните меѓународни одредишта и да му ја врати „старата“ слава.

Во периодот 1994-1995 година извршена е комплетна реконструкција и проширување на пристанишната зграда, со што се подобрени условите и зголемени можностите за ефикасно извршување на активностите околу регистрацијата на патниците и нивниот багаж.

Во есента 1996 година извршено е проширување и осветлување на пристанишната платформа, со што се зголемени капацитетите и подобрени условите за безбедно, несметано и ефикасно прифаќање и отпрема на воздухопловите.

Во текот на 1999 година оспособен е новиот складиштен и магацински простор, со што се подобрени условите за развој на карго дејноста на аеродромот.

Во периодот март-јули 2004 година извршена е реконструкција на пистата на Аеродром Охрид од страна на УЦВП со користење на кредит од Европската банка за обнова и развој.

Во септември 2026 година бил пуштен во употреба реконструираниот и модернизиран дел од патничкиот терминал на аеродромот, кој опфатил проширување на терминалот за 30–40%, проширување на просторот за чекирање за дополнителни 100 м², проширување на зоната за безбедносна контрола и рачен багаж, како и проширување на административната зграда од 290 на 746 м². Во рамките на реконструкцијата биле реорганизирани паркинг-просторите, изграден паркинг за вработените, нов ресторан-кафетерија и нови канцеларии за Граничната полиција и Царинската управа, а била инсталирана и современа опрема и технологија за опслужување на патниците. Инвестицијата изнесувала 2,7 милиони евра. Во рамките на реконструкцијата, во терминалната зграда биле поставени реплики на мозаици од Стариот град на Охрид, особено од Плаошник, како и реплики на фрески од катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.

Авиопревозници и одредишта

Статистика

Бројот на патниците на Охридскиот аеродром се прикажани во следната табела:

ГодинаПатнициПромена199067,811199160,44010,9%199234,34443,2%199348,02239,8%199418,68161,1%199539,270110,2%1996104,229165,4%199742,54459,2%199855,41730,3%199974,49734,4%200065,94111,5%200153,95418,2%200260,20911,6%200351,08215,5%200432,30936,8%200553,90166,8%200650,3366,6%200745,5159,6%200844,4132,4%200933,87323,7%201014,09558,4%201178,246455,1%201284,7368,3%201383,0602,0%201469,98415,7%2015107,91654,2%2016(01.01-31.08)104,99844,4%

Установи и услуги Катеринг за авионските фри-шопови (на ARR и DEP), обработка на протоколи, CIP (бизнис), телефон и факс, телефонски картички, царинска и имиграциона контрола, полициско обезбедување (24 часа), аеродромско обезбедување (24 часа), продавница за сувенири, менувачница, ресторан во AD (100 оброци на час), установи за паркинг на такси и автомобили (70 автомобили + 3 автобуси), установи за справување со товар (простор за складирање на товар 340 m²) и патнички капацитет од 300 луѓе на час.

Историја на несреќи На 20 ноември 1993 авион од типот Yak 42D на Авиоимпекс се срушил во близина на аеродромот. Леталото било на пат од Женева кон Скопје, но било пренасочено кон Охрид поради лошите временски услови на аеродромот во Скопје. При слетувањето, леталото се срушило на планината Тројани близу Охрид. Сите осум членови на екипажот, и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.

Наводи

Надворешни врски

Домашна страница на македонски аеродроми

Охрид Категорија:Економија на Охрид Категорија:Општина Дебрца