Бродечки манастир — манастир во областа Горна Река, во западниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на Ничпурска Планина, односно спојот на Шар Планина и Кораб. Од селото Бродец е оддалечен околу 3 км. Посветен е на Света Петка.„Никна манастир во близина на лековитите води во Бродец “. Вечер. 7 август 2015.
Историја Местото на коешто е изграден манастирот се наоѓа во непосредна близина на извори на лековита вода, каде што во 1960-тите години била изградена импровизирана чешма. Изградбата на манастирот започнала во 2012 година со добротвотни прилози на луѓе кои потекнуваат од крајот и од претпријатија. Манастирот бил завршен во 2015 година и осветен од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана во август истата година.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат црква и параклис. Параклисот всушност претставува молитвен олтар кој се состои од чешмата од која се верува дека тече лековита вода и икона на Света Петка поставена над чешмата. Во непосредна близина на манастирот, покрај патот кој води до него, има уште една чешма.
Црква „Св. Петка“
Црквата се наоѓа во средишниот дел на манастирот. Таа има четириаголна основа, со осумаголна купола која се издига од средишниот дел на покривот, натстрешница пред влезот на храмот и полукружна апсида на источниот ѕид. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бродец (Гостиварско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Тетовско-гостиварската епархија