Метрополитенска област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург () — економска и културна област во Северна Германија. Метрополитенската област опфаќа една третина од површината на сојузната покраина Долна Саксонија и скоро една половина од нејзините жители. Има околу 3,9 милиони луѓе во 20 окрузи со вкупно 431 општина и според сојузното министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи е одредена како средно урбанизирана област во Германија.
Опис на областа
Помеѓу градови во областа постојат големи земјоделски површини. Урбаната инфраструктурна мрежа се состои од автопатиштата А2, А7 и А39, како и брзи железнички врски.
Областа главно се заснова на услужниот сектор и производството. Најголемата група е Фолксваген во Волфсбург. Во областа се присутни седум универзитети (меѓу кои Гетингенскиот универзитет), девет високи школи, како и други 60 научно-истражувачки установи.
Членови
мини|250п|Метрополитенската областа е означена со број 5 на картата на Германија
Членови на метрополитенската област се:
Целе (округ) Гифхорн (округ) Гетинген (округ) Гослар (округ) Хамелн-Пирмонт (округ) Хилдесхајм (округ) Холцминден (округ) Нинбург (округ) Нортхајм (округ) Остероде (округ) Пајне (округ) Шаумбург (округ) Золтау-Фалингбостел (округ) Град Алфелд Град Бад Пирмонт Град Брауншвајг Град Целе Град Ајнбек Град Гарбзен Град Гетинген Град Хан. Минден Хановер Град Хилдесхајм Град Холцминден Град Лацен Град Лангенхаген Град Лерте Општина Ленгеде Град Нинбург Град Нортхајм Горен Харц (општинска заедница) Град Остероде на Харц Град Патензен Град Пајне Град Залцгитер Град Зезен Град Штатхаген Град Валсроде Град Волфенбител Град Волфсбург Хановер (округ) Хановер (регион)
Поврзано Метрополитенски области во Германија
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Метрополитенски области во Германија Категорија:Брауншвајг Категорија:Хановер Категорија:Гетинген Категорија:Волфсбург Категорија:Географија на Долна Саксонија