Преспа (, Димос Преспон) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Зафаќа површина од 514.8 км2. На север се граничи со Општина Ресен (Р Македонија), на запад со областа Горица (Албанија), а на југ и запад со окрузите Костур и Лерин. Административен центар е селото Р’мби (денес Лемос).
Население Според пописот од 2021 година, општината имала 1,211 жители, со густина на населеност од 2.353/км2. При споредба на пописите од 2011 и 2021, населението во општината има негативен тренд, односно опаднало за -2.4%.
Во однос на државјанство, според пописот од 2011 година 1,376 (88.2%) граѓани имале грчко државјанство, 5 граѓани имале државјанство на некои од земјите на Европската Унија и 179 граѓани имале државјанство на друга држава. +Место на раѓање (2011)КатегоријаЖителиПроцентиВо истата општина95661,3%Во друга општина, но во истиот округ523.3%Во друг округ29819.1%Во друга држава25416.3%
Населени места мини|лево|Карта на Општина Преспа Општината Преспа е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на две стари административни единици — општината Преспа и општинската целина Смрдеш. Важи за планинска општина.
Општинска единица Преспа Општинската единица Преспа е сместена на територијата на историско-географската област Голема Преспа (дел од Долна Преспа), која во Грција денес се нарекува само Преспа (Πρέσπες, Преспес). Во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места: мини|десно|250п|Поранешната општина Преспа на картата на некогашниот округ Лерин. мини|десно|250п|Песодер во периодот од 1903 до 1912 г. Општински оддел Р’мби село Р’мби (Р’би, Раби или Роби; Λαιμός, Лемос) село Медово (Μηλιώνα, Милиона) Општински оддел Ахил село Ахил (Άγιος Αχίλλειος, Агиос Ахилиос) село Винени (Πύλη, Пили) Општински оддел Герман село Герман (Άγιος Γερμανός, Агиос Германос) Општински оддел Граждано село Граждано (или Граждено; Βροντερό, Врондеро) Општински оддел Желево село Желево (Ανταρτικό, Андартико) село Оштима (Ошчима или Осчима; Τρίγωνο) Општински оддел Л’нки село Л’нки (Л’нги, Л’к или Лок; Μικρολίμνη, Микролимни) Општински оддел Нивици село Нивици (Ψαράδες, Псарадес) Општински оддел Оровник село Оровник (Καρυές, Кариес) село Буковик (Οξυά, Оксија) Општински оддел Песодер село Песодер (или Писодер; Πισοδέρι, Писодери) Општински оддел П’пли село П’пли (Λευκώνας, Левконас) Општински оддел Рудари село Рудари (Καλλιθέα, Калитеја) Општински оддел Трново село Трново (Трнаа или Трнава; Πράσινο, Прасино) Општински оддел Штрково село Штрково (Πλατύ, Плати) лево|мини|Етничка карта на Општина ПреспаНа територијата на општинската единица има и неколку села кои денес немаат постојано население или се во рушевини:
Бесвина (Σφήκα, Сфика) Дреново (Κρανιές, Краниес) Дробитишта (или Дробитишча; Δασερή, Дасери) Опаја (Οπάγια) Орово (Πυξός, Пиксос) Трново (Αγκαθωτό, Анкатото) Шаовци (Σιάκι, Сјаки)
Општинска единица Смрдеш мини|десно|250п|Поранешната општина Смрдеш на картата на некогашниот округ Лерин.
Општинската единица опфаќа три села од областа Корешта, кои традиционално се сметаат за костурски, а не лерински. Општинската единица Смрдеш е со седиште во с. Смрдеш (Кристалопиги).
Општински оддел Смрдеш село Смрдеш (Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги) Општински оддел Брезница село Брезница (Βατοχώρι, Ватохори) Општински оддел Рулја село Рулја (Κώτας, Котас)
На територијата на општинската единица се наоѓало и иселеното село В’мбел (Мосхохори), кое административно се води како дел од Смрдеш.
Поврзано Мала Преспа Преспанско Езеро Општина Лерин Општина Суровичево
Наводи
Надворешни врски
Сужбен портал на Општина Преспа
Категорија:Општини во Егејска Македонија Категорија:Преспа