Градиште — историско село во Кавадаречко, чиј атар денес потпаѓа на селото Конопиште во состав на Општина Кавадарци.
Во XIX век, Градиште е дел од Рожденската нахија на Тиквешка Каза на Османлиското Царство. Според Васил К’нчов во 1900 Градишта има 155 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во селото имало 32 Македонци егзархисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105. Денес селото наполно е раселено и скоро и да нема видливи остатоци. Цркви Црква „Св. Богородица“ — селската црква;
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † †
Категорија:Конопиште