'Далол — вулкан со згуреста купа кој се наоѓа во пустата котлина Данакил на регионот Афар, Етиопија. Оваа геолошка месност се наоѓа на околу 15 километри од границата со Еритреја, на северниот крај на соленото езеро Карум, чија сол сè уште се експлоатира од страна на Афарите.
Далол произлегол од експлозија на големото магматско огниште во Големата Раседна Долина над огромна солена област западно од Црвено Море. Денес се наоѓа на 136,8 метри под нивото од морето. Температурата редовно достигнува 45 степени во сенка.
Оваа огромна напуштена област е позната по своите геолошки формации: топли извори на киселина, сулфур, сол, гас, магнезиум итн.
Далол има топли пустински климатски услови, типичнa за Данакил. Далол е најжешкото место во текот на годината на планетата и во моментов го држи рекордот на висока просечна температура за населено место на Земјата, каде што била забележана просечна температура од 34,6° C помеѓу годините 1960 и 1966 година. Просечната годишна максимална температура е 41° C , а најтоплиот месец има просечна максимална температура од 46,7° C . Освен што е екстремно жешко во текот на целата година, има само неколку рекордни денови на врнежи. Топлата клима на пустината Далол е особена поради близината на екваторот и Црвено Море.
Наводи
Надворешни врски
On the Volcanoes of the World episode The Horn of Africa (2008; Science Channel)
Категорија:Активни вулкани Категорија:Планини во Етиопија Категорија:Вулкани во Етиопија Категорија:Минерали на железото