Есјуфјол — подледнички вулкан на југоисточниот дел на ледената капа на ледникот Ватнајекидл, северно од вулканот Ерефајекидл кој се состои од централниот вулкан Снехета и широка купа. Поголемиот дел од вулканот, вклучително и купата од 40 км2 е покриен со ледена капа, но делови од југоисточната падина се изложени во правец на гребенот северозапад-југоисток. Опис Повеќето од изложените карпи на вулканот се алкалинско-базалтни, но помала количина на риолитски карпи исто така се присутни. Широк јекилхлеп се спуштил југоисточно од Ватнајекидл на почетокот на септември 1927 кој мирисал на сулфур и пепел паднала врз Брејдамеркурјекидл за која се сметало дека веројатно потекнува од Есјуфјол. Иако холоценски ерупции не се потврдени од Есјуфјол, роеви земјотреси кои може да индицираат магматски поместувања биле детектирани во октомври 2002 и во 2010.

Поврзано Список на вулкани во Исланд

Наводи

Надворешни врски Есјуфјол во Каталогот на исландските вулкани

Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани во Исланд