Трстеник — некогашно влашко село во близината на Крушево.

Географија Селото се наоѓало непосредно јужно од градот Крушево.

Историја Во XIX век селото ѝ припаѓало на Битолската Каза. Според Стојан Романски, Трстеник бил основан на Власи, преселени од Москополе (Албанија) и некои села во Епир. Главно занимање на населението било калајџиството.Романски, Стоян. Македонските ромъни, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 5 и 6, с. 85.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трстеник (Trasténik) имал 65 домаќинства и 65 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74 - 75. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трстеник имал 95 жители, сите Власи христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 240. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Трстеник се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи. Подоцна жителите на селото се иселиле, претежно во Крушево и Прилеп.

Почнувајќи од 1995 г. во месноста Трстеник е изградена црквата „Св. Василиј Велики“, која е осветена во 2008 г.Преспанско-пелагониска епархија Изградена е врз темелите на старата селска црква..

Поврзано Власи во Македонија

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † †