Свети Никола — македонска православна црква во скопското село Љуботен.. Датира од средновековниот период.

Историја Според натписот врежан во камената плоча, поставена над западната влезна врата, црквата била изградена во 1337 година од страна на непознатата властелинка, ктиторката Даница.

Низ вековите таа, како и многуте други цркви ширум Македонија, ја доживеала судбината еден подолг период да биде напуштена и целосно препуштена на самата себеси. Поради тоа, значително настрадале нејзиниот живопис и горните делови на овој храм. Така, во првата половина на XX век, била изведена темелна реставрација, притоа внимавајќи на зачувување на нејзиниот првобитен изглед. Црквата има форма на впишан крст во правоаголна основа. На нејзиниот средиштен дел високо се издига осумаголна купола што се потпира врз четири четвртести столбови.

Полукружната петострана апсида на источната страна, украсена со слепи ниши во горните партии, се вклопува во останатата, расчленета фасадна конструкција. Декорацијата ја збогатуваат фасадните цигли распоредени во форма на крстови и шаховски полиња. Внатрешниот дел на црквата го облагородуваат фрески што датираат од времто на нејзината изградба.

За црквата Свети Никола во Љубанци, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.

Фрескоживопис

Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа.Споменици на културата на Македонија / Коста Балабанов, Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, Скопје : Мисла, 1980 Стилските особености на неговата сликарска техника говорат за еден мошне талентиран зограф чии цртежи отскокнуваат од вообичаената иконографска концепција. Тие се ослободени од груби анатомски неточности, а во сликањето на фреските се забележува еден суптилен, пореалистичен пристап надополнет со богатиот колорит во кој доминира употребата на топлите тонови. Ова е евидентно во долната партија на северниот ѕид каде покрај светителите во цел раст, се предадени портрети на световни фигури-членови на царското семејство: царица Елена, цар Душан и нивниот син Урош. Од композициите покарактеристична е онаа со сцените од Свадбата во Кана Галилејска. Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран.

Антички наод При реконструкцијата на црквата бил пронајден жртвеник со латински натпис, посветен на богот Либер. Жртвеникот се наоѓа во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје.

Состојба Црквата често е цел на кражби.Ограбена црквата „Св. Никола“ во Љуботен. Поради нејзината местоположба и специфичните околности, црквата во повеќе наврати низ минатото била оштетувана: во еден период од месното население била користена и како штала за добиток, а подолг период била и затворенаСпоред кажување на мештанин Ѓоко. Забележале Марио Шаревски, Слободан Трајковски и Васко Русевски, на 18.03.2018. Во моментот се работи на нејзина реконструкција и обнова како и изградба на камбанарија во дворот. Во дворот на црквата постои дабово дрво, кое е старо повеќе стотици години, и кое според едно предание во минатото било оштетено од мештанин од албанска муслиманска вероисповед, при што на него сѐ уште се познаваат траги од обидот за сечење и уништување.

Галерија Црковен храм и надворешност

Фрескоживопис и внатрешност

Наводи

Надворешни врски

Љуботен Категорија:Љуботен (Скопско)