Даниел Нарсис (роден на 16 декември 1979 година во Сен Дени де Ла Реинион — поранешен франциски ракометар, француски интернационалец од 2000 до 2017 годинаDaniel Narcisse . sports-reference.com. Тој е двоен олимписки шампион, четирикратен светски шампион и троен европски шампион, еден од најнаградуваните ракометари со девет меѓународни титули. Тој игра на позиција полуцентар. Нарсис е оженет и има две деца.
Во 2012 година, поради својата исклучителна година и во францускиот тим (олимписка титула) и во клубот (Лига на шампиони, германски шампион и германски куп), бил избран за најдобар ракометар на 2012 година од Меѓународната ракометна федерација.
Животопис Клупска кариера Шамбери
Даниел Нарсис своите почетоци со ракометот ги направил на својот роден остров Реинион, во клубовите на Чадрон, потоа во „Жоинвиле Спортс“ со кој го освоил францускиот регионален куп.
Нарсис бил забележан од Даниел Костантини при гостувањето на францускиот тим во 1997 годинаbooks.google.fr, по кое веќе следната 1998 година се приклучил на РК Шамбери. Покрај двата други перспективни млади играчи, браќата Гијом Жил и Бертранд Жил, тој брзо се поставил како сигурен облог на вториот најдобар француски клуб во моментот. Така во 2001 година станал шампион на франција а следната 2002 година победил со својот тим во купот на Франција. Нарсис бил избран за најдобар лев бек во првенството во 2001, 2002 и 2003 година, пред да биде детронизиран во 2004 година од страна на Никола Карабатиќ.
Гумерсбах Во 2004 година, тој решил да потпише тригодишен договор во „ВфЛ Гумерсбах“ каде веќе настапувале уште двајца негови сонародници, Франсоа-Ксавиер Хулт и Седрик Бурдет. Во најпрестижното првенство, „убавиот и мирен“ Нарсис станал еманципиран и сè повеќе ја преземал улогата на водач на тимот и на тој начин го добил прекарот „Ер Франс“. И покрај тоа, и покрај третото место на првенството во 2006 година и две полуфиналиња на Купот на ЕХФ во 2005 и 2006 година, германскиот клуб се борел да се искачи во германската и европската хиерархија.
Шамбери
Во јуни 2006 година, Даниел објавил дека е убеден во новиот проект „Хамбери Савои“ со кој потпишал 5-годишен договор од сезоната 2007/2008. Но, клаузулата во првичниот договор потпишан со келнскиот клуб предвидувал премолчено обновување на договорот за уште една дополнителна сезона, клаузула која ја изнел Франсоа-Ксавиер Хулт, кој станал управител на Гумербах. Така Нарсис во тимот останал уште една сезона. Конечно, во јули 2007 година, Европската ракометна федерација ги поддржала аргументите на францускиот клуб и Даниел Нарсис го напуштил Гумерсбах и потпишал нов договор со својот поранешен клуб Шамбери..
Но, амбициите на клубот да стане француски првак не се исполниле поради посилниот РК Монпелје. Нарсис бил избран за најдобар лев бек на француското првенство во 2008 и 2009 година, и најдобар играч во 2009 година година. Но по повлекувањето на главниот спонзор, клубот имал потреба од пари[Laurent Moisset, « Daniel Narcisse vers la Bundesliga », L'Équipe, 19 août 2009 (lire en ligne [archive], consulté le 10 janvier 2018)], а од друга страна Монпелје дополнително се засилил со потпишување на договори со Никола Карабатиќ и Вид Кавтичник. Нарсис увидувајќи дека неговиот клуб повеќе не може да си дозволи повеќе од тоа, изјавил: „Убеден сум дека исто така беше време да си побарам нов клуб. Ние направивме чекор назад. Економскиот контекст, исто така, го отежнуваше нашиот замислен пат. Чекав да видам што ќе се случи во сезоната. Проектот заостануваше“ « Daniel Narcisse quitte Chambéry pour Kiel » [archive, sur RTL.fr [archive], 25 août 2009 (consulté le 10 janvier 2018)}.
Кил thumb|Нарсис во дресот на Кил во финалето од Лигата на шампионите во 2012 година Даниел Нарсис избраL да се приклучи на германскиот клуб ТХВ Кил во летото 2009 година со цел да ја освои Лигата на шампионите, титула што Шамбери не можел да си ја дозволи. Во својата прва сезона, повеќе од осум години по неговиот последен клупски трофеј (Лига Купот во 2002 година), Нарсис го збогатил својот учинок со титулата шампион на Германија и пред сè успеал да ја освои Лигата на шампионите. Откако го поразиле на Рајн-Некар Левен во четвртфиналето, Нарсис и „Зебрите“ учествувале во првото финале четири во историјата на Лигата на шампионите. Наспроти полуфиналето на Сиудад Реал, шпанскиот носител на титулата доминирал во мечот 50 минути, натпревар кој бил следен од страна на 20.000 гледачи на „Ланксес арената“ во Келн. но благодариени на играта во последните 10 минути, Кил победил со резултат од 29-27. Финалето против РК Барселона исто така било тешко за германскиот тим, кој до 41 минута губел со резултат 19-25. Но Кил, благодарение особено на Нарсис, ја вртил плимата за водство со три гола (33-30 во 56. минута) и конечно победил со 36:34.
Сезоната 2010-2011 била „најтешка“ за Нарсис со оглед на тоа што Нарсис претрпел тешка повреда на лигаментите на коленото за време на подготвителниот натпревар во август. Враќањето на теренот осум месеци подоцна и едно истегнување го лишил на Нарсис од четвртфиналниот втор натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Кил истата сезона не станал германски првак, туку победил во Купот на Германија, спасувајќи ја сезоната.
Сезоната 2011/2012 година станала посебна за Кил и Нарсис, бидејќи клубот ги освоил сите натпреварувања во кои учествувал: германскиот Суперкуп и Светското клупско првенство на почетокот од сезоната, потоа Првенството, германскиот куп и втората титула во Лигата на шампиони. Во 2012 година, Франција со Н арцис станала олимписки првак, а тој бил избран за најдобар ракометар на 2012 година од страна на Меѓународната ракометна федерација«Daniel Narcisse sur le toit du monde... et de Paris » [archive], sur handzone.net [archive], 8 janvier 2013 (consulté le 2 février 2018). На 8 јануари 2013 година, бил објавен неговиот потпис за Париз Сен-Жермен.
Тој сепак ја завршил сезоната 2012-2013 со Кил, со кого повторно ја освоил Бундеслигата и германскиот куп, но Кил бил поразен во полуфиналето на Лигата на шампионите од ХСВ Хамбург.
ПСЖ
Додека ПСЖ штотуку го освоил француското првенство во првата сезона од доаѓањето на новиот катарски сопственик, првата сезона на Даниел Нарсис во клубот не била толку добра бидејќи Динкерк го освоил француското првенство а ПСЖ бил елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Клубот сепак го освоил својот втор куп, благодарение особено на голот на Нарсис во последните секунди во четвртфиналето против Монпелје« Narcisse délivre le PSG contre Montpellier en Coupe de France » [archive], sur L’Express.fr [archive], 2 mars 2014 (consulté le 2 février 2018).
За сезоната 2014-2015, клубот започнал со својата прва победа во „Трофејот на шампионите“, но Лига купот бил освоен од ХБЦ Нант. Од друга страна, ПСЖ повторно бил победник во купот на Франција и без проблеми ја освоил својата втора титула шампион на Франција, четиринаесет години по првата титула. Во Лигата на шампионите, Париз повторно не успеал да го постигне посакуваниот успех, бидејќи во четвртфиналето бил елиминиран од страна на РК Веспрем.
Даниел Нарсис станал капитен на екипата која се засилила со последователните пристигнувања на Тијери Омејер (2014), Лука и Никола Карабатиќ (2015), Уве Генсхајмер (2016), и Сандер Сагосен (2017), на чело со искусниот тренер Звонимир Сердарушиќ. Во текот на сезоната 2015-2016, Нарсис и Парижаните ја задржиле титулата шампион на Франција и стигнале за првпат на ФајналФор турнирот од Лигата на шампионите, но биле поразени во полуфиналето од Килце, кој станал победник во финалето. Од друга страна, Монпелје победил во финалето на Лига Купот, а потоа и во Купот на Франција. Како поединец, Даниел Нарсис бил прогласен за втора сезона по ред меѓу трите најдобри полуцентри во француското првенство.
Сезоната 2016-2017 започнала со Светското клупско првенство, но откако ПСЖ се одмаздил на Келце за поразот од полуфиналето во ЛШ, благодарение особено на 8-те голови на Нарсис, ПСЖ се соочиле против Фихсе Берлин, кој ја задржл својата титула на изненадување на сите. Клубот конечно го освоил својот прв Лига Куп и стигнал до финалето во Лигата на шампионите. И покрај 4-те гола на Нарсис, ПСЖ бил поразен во последната секунда од страна на РК Вардар.
Откако го продолжил договорот до 2018 година и потоа го објавил своето меѓународното пензионирање, Даниел Нарсис во април 2018 година потврдил дека ја прекинува својата кариера на крајот на сезоната 2017-2018 година« Daniel Narcisse dit stop » [archive], sur HandNews [archive] , 11 avril 2018 (consulté le 12 avril 2018) ].
Репрезентативна кариера
Даниел Нарсис бил еден од клучните фактори, заедно со Микаел Гигу, во одржувањето на резултатот против Хрватска во првото полувреме од финалето на Светското првенство во 2009 година (во Хрватска), постигнувајќи четири гола во низа. Во истото финале, тој бил автор на последниот гол за конечна победа за Франција со 24-19. Со францускиот тим од 2000 година, тој станал двоен олимписки шампион (2008 и 2012), четирикратен светски шампион (2001, 2009, 2015 и 2017) и троен европски шампион (2006, 2010 и 2014 година).
Во 2016 година, на Олимписките игри во Рио, тој ја квалификувал Франција во финалето постигнувајќи го последниот решавачки гол на 29-28 против Германија во полуфиналето. Нарсис загубиле во финалето против Данска и затоа морале да се задоволат со сребрен медал.
Тој ја освоил својата четврта светска титула на Светското првенство во 2017 година во Франција, натпревар по чиј крај Нарсис решил да стави крај на својата меѓународна кариера21.
Нарсис, заедно со Тијери Омејер, го одиграл својот последен натпревар на 6 мај 2017 година против Норвешка за време на квалификацискиот натпревар за ЕП 2018.
Награди Франција
податоци Прв натпревар на 9 јануари 2000 година против Исланд Прв натпревар на 6 мај 2017 година против Норвешка Одиграни 311 натпревари и постигнати 943 голови
40px Олимписки игри 5-то место на Олимпијадата во 2004 во Атина 1-во место на Олимпијадата во 2008 во Пекинг 1-во место на Олимпијадата во 2012 во Линдон 2-ро место на Олимпијадата во 2016 во Рио
Светско првенство 1-во место на Светското првенство 2001 во Франција 3-то место на Светското првенство 2003 во Португалија 3-то место на Светското првенство 2005 во Тунис 4-то место на Светското првенство 2007 во Германија 1-во место на Светското првенство 2009 во Хрватска 6-то место на Светското првенство 2013 во Шпанија 1-во место на Светското првенство 2015 во Катар 1-во место на Светското првенство 2017 во Франција
Европско првенство 4-то место на Европското првенство 2000 во Хрватска 6-то место на Европското првенство 2002 во Шведска 6-то место на Европското првенство 2004 во Словенија 1-во место на Европското првенство 2006 во Швајцарија 3-то место на Европското првенство 2008 во Норвешка 1-во место на Европското првенство 2010 во Австрија 11-то место на Европското првенство 2012 во Србија 1-во место на Европското првенство 2014 во Данска 5-то место на Европското првенство 2014 во Полска
Во клубот Меѓународни натпревари Победник во Лигата на шампиони (2) : 2010, 2012 Финалист во Лигата на шампиони (1): 2007 Победник на Светското клупско првенство (1) : 2011 Национални натпревари Победник во националната француска ракометна лига (5) : 2001 (со Шембери), 2015, 2016, 2017, 2018 (со ПСЖ) Вице-шампион во националната француска ракометна лига 1999, 2000, 2002, 2003, 2008, 2009, 2014 Победник во Францускиот куп (3) : 2014, 2015, 2018 Победник на Купот на Лигата (3): 2002, 2017, 2018 година Финалист во 2016 година Победник во Трофејот на шампиони (3): 2014, 2015, 2016 година Победник во германското првенство (3): 2010, 2012 и 2013 година Вице-шампион во 2011 година Победник во Купот на Германија (3): 2011, 2012 и 2013 година Победник на германскиот Суперкуп (1): 2013 година
Поединечни
Прогласен за најдобар светски ракометар на годината во 2012 година