Сер Даглас Мосон(англиски: Douglas Mawson; 5 мај 1882 година - 14 октомври 1958) бил австралиски геолог и истражувач на Антарктикот. Заедно со Роалд Амундсен, Роберт Фалкон Скот и Ернест Шеклтон, Мосон бил позната и клучна фигура на херојското време на истражување на Антарктикот.

Животопис Мосон е роден во 1882 година во Шипли, Западен Јоркшир. До 1903 година работел како асистент, а потоа како геолог учествувал во експедицијата на Нови Хебриди (денес Внуату). Неговиот извештај „Геологија на Нови Хебриди“ бил еден од најголемите геолошки трудови за Меланизија. Истата година исто така го издавал геолошкото списание во Митагонг, Нов Јужен Велс. Најголемо влијание врз него имале професорите Еџворт Дејвид и Арчибалд Ливерсиџ. Во 1905 година станал предавач по петрологија и минералогорија на Универзитетот во Аделаида.

Наводи

Категорија:Австралиски научници Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Австралиската академија на науките Категорија:Истражувачи на Антарктикот