Чешка круна (чеш. koruna česká; код: CZK) — официјална валута на Чешка од 1993 година, кога заедно со словачката валута ја заменуваат со претходната чехословачка круна. Локалната скратеница за чешката круна е Kč. Една чешка круна содржи 100 хелера. Круната ја издава Чешка народна банка. Инфлацијата во 2007/2008 година на годишно ниво изнесувала 2,4%.

Курсот према еврото во текот на 2004, 2005 и 2006 се одржувал на ниво приближно 1EUR = 28CZK. Воведувањето на еврото било планирано за 2013 година, но се испоставило дека тоа било премногу оптимистички план. Постојат монети од 10, 20, 50 хелери и 1, 2, 5, 10, 20 и 50 круни. Монетите од 10 и 20 хелера се повлечени од оптек на 1 ноември 2003 година. Банкнотите се од 20, 50, 100, 200, 500, 1 000, 2 000 и 5 000 круни.

Историски курсеви

Најтргувани валути (од 31 декември 2008): Year долар евро фунта франк јен2008 19.346 26.930 28.270 18.132 0.213482009 18.368 26.465 29.798 17.837 0.198752010 18.751 25.060 29.108 20.043 0.230582011 19.940 25.800 30.886 21.220 0.257542012 19.055 25.140 30.812 20.831 0.221302013 19.894 27.425 32.911 22.344 0.189572014 22.834 27.725 35.591 23.058 0.190902015 24.824 27.025 36.822 24.930 0.206192016 25.639 27.020 31.586 25.166 0.219072017 21.291 25.540 28.786 21.824 0.189152018 22.466 25.725 28.762 22.827 0.204472019 22.621 25.410 29.866 23.416 0.20844

Надворешни врски

Чешки банкноти Чешки монети

Категорија:Економија на Чешка