Отушиште — историско село во Тетовско, денес населба на општинското седиште Теарце, северозападна Македонија.
Географија Отушиште е се наоѓало во Долен Полог — северниот дел на Полошката Котлина, веднаш од левата страна на патот Тетово - Јажинце, на 10 км северно од Тетово. Селото денес е споено со Теарце, кое е на југозапад.
Историја Црквата „Св. Јован Богослов“ во Отушиште е изградена во XIII век. Селото е споменато во вакуфски документ од 1468-1469 г. како Отушишта. Се смета дека името на селот потекнува на личното име *Хотуш.Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 179.
Старата џамија во селото е изградена во XIX век.
Бугарскиот учител Андреј Стојанов, кој предавал во Тетово од 1886 до 1894 г. напишал за селото. 60 арнаутски и македонски куќи.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Орушница имала 215 жители Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. сите 160 христијански жители на Отушица (Otuchitza) се Македонци.D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
Со порастот на Отушиште и Теарце, двете села се споиле, и Отушиште станало населба на Теарце.
Верски објекти „Св. Јован Богослов“ — црква од XIII век Стара џамија — џамија од XIX век
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Теарце
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Теарце